Вуелта а Еспања 2014 — 69. издание на велосипедската трка Вуелта а Еспања, последната од трите големи трки, која се одржала помеѓу 23 август и 14 септември 2014 година. Содржела осум планински етапи, по пет ридести и рамни етапи и три хронометри (еден екипен и два поединечни), два од нив на почетокот и на крајот на трката. Херез де ла Фронтера, на јужниот шпански брег, бил домаќин на воведната етапа. Потоа, Вуелта продолжила да се движи спротивно од часовникот, преку југоисточниот и источниот дел на земјата пред да премине на север и завршила во Сантјаго де Компостела, првпат во 21 година трката да заврши надвор од Мадрид. Трката претставувала 22. настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од шпанскиот велосипедист, Алберто Контадор, од . Контадор настапил на трката несигурен за неговата форма откако паднал на десеттата етапа на Тур де Франс 2014, кршејќи ја неговата тибија. Меѓутоа, Контадор се снашол подобро отколку што очекувал, преземајќи ја црвената маичка на поединечниот хронометар (10. етапа) и освојувајќи две клучни планински етапи, загарантирајќи ја неговата победа. Ја освоил трката со една минута и 10 секунди пред второпласираниот, Крис Фрум од . Како Контадор, и Фрум бил несигурен за својата форма откако паднал трипати во два дена на Тур, што довело до негово откажување од трката. Меѓутоа, Фрум се опоравил дури во третата недела, завршувајќи втор на три клучни планински етапи, со што успеал да се помести на второто место во генералниот пласман. Шпанскиот возач Алехандро Валверде од го заокружил подиумот, завршувајќи 40 секунди зад Фрум и една минута и 50 секунд зад Контаро. Валверде ја освоил шестата етапа на трката, првата планинска завршница.

Во другите пласмани на трката, Џон Дегенколб од ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман. Дегенколб освоил четири етапи, најмногу од сите возачи на трката. Сината точкеста маичка за планинскиот пласман му припаднала на Шпанецот Луис Леон Санчес од . Покрај црвената маичка, Контадор исто така ја освоил белата маичка за комбинираниот пласман. го освоиле екипниот пласман на трката.

Екипи

Бидејќи Вуелта а Еспања е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.

† †

†

†

†: Специјално поканети професионални континентални екипи.

Фаворити пред трката

Пред почетокот на трката, бранителот на титулата од минатата година, Крис Хорнер, победникот на Џиро д’Италија 2014, Наиро Кинтана, потоа Хоаким Родригес и Алехандро Валверде се меѓу фаворитите за крајна победа. По напуштањето на Тур де Франс, Крис Фрум и Алберто Контадор објавиле дека ќе настапат на Вуелта. Други можни кандидати се: Карлос Бетанкур, Фабио Ару, Тибо Пино, Ригоберто Уран, Ендру Талански и Даниел Мартин.

На 22 август, еден пред почетокот на Вуелта, велосипедската мрежна страница cyclingnews.com објавила дека Крис Хорнер нема да настапи на трката поради ниско ниво на кортизол. Ова било така поради тоа што екипата е дел од Mouvement Pour un Cyclisme Credible (MPCC) кое им забранува на велосипедистите да настапат кога нивото на кортизол ќе падне под одредена граница.http://www.cyclingnews.com/news/chris-horner-out-of-vuelta-a-espana-due-to-low-cortisol-levels

Рута и етапи

ЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВидПобедник123 август Херез де ла Фронтера12,6 км20п|Екипен хронометар екипен хронометар 224 август Алхесирас – Сан Фернандо174,4 км22п рамна етапа 325 август Кадис – Аркос де ла Фронтера188 км22п ридеста етапа 426 август Маирена дел Алкор – Кордоба172,6 км22п среднопланинска етапа 527 август Приего де Кордоба – Ронда182,3 км22п рамна етапа 628 август Беналмадена – Кумбрес Вердес157,7 км22п планинска етапа 729 август Алендин – Алкаудете165,4 км22п ридеста етапа 830 август Баеза – Албасете207,4 км22п рамна етапа 931 август Карбонерас де Гвадазаон – Арамон Валделинарес181 км22п планинска етапа 1 септемвриДен за одмор102 септември Монастерио де Санта Марија де Веруела – Борха34,5 км20п поединечен хронометар 113 септември Памплона – Сантуарио де Сан Мигел де Аралар151 км22п планинска етапа 124 септември Логроњо – Логроњо168 км22п рамна етапа 135 септември Белорадо – Обрегон182 км22п среднопланинска етапа 146 септември Сантандер – Ла Камперона199 км22п планинска етапа 157 септември Овиедо – Лагос де Ковадонга149 км22п планинска етапа 168 септември Сан Мартин дел Реј Аурелио – Ла Фарапона158,8 км22п планинска етапа 9 септемвриДен за одмор1710 септември Оргигеира – А Коруња174 км22п рамна етапа 1811 септември А Естрада – Монт Кастрове173,5 км22п среднопланинска етапа 1912 септември Салватера де Мињо – Кангас до Моразо176,5 км22п среднопланинска етапа 2013 септември Санто Естево де Рибас де Сил – Пуерто де Анкарес163,8 км22п планинска етапа 2114 септември Сантјаго де Компостела10 км20п поединечен хронометар

Поредок

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2014, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта. Во 2014 година постоеле временски бонуси на сите етапи, освен хронометрите; десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири за третопласираниот.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка. Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.

Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време. За наградата за борбеност, судиите давале бодови по секоја етапа на велосипедистите за кои сметале дека биле најборбени. Велосипедистот со најмногу гласови на сите етапи бил прогласуван за победник. Дневниот победник на пласманот добива црвен број на наредната етапа.

Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Комбиниран пласман25п Екипен пласман Награда за борбеност 1 Џонатан Кастровиехо недоделена недоделена недоделена недоделена 2 Насер Буани Алехандро Валверде Насер Буани Нејтан Хас Валерио Конти Хавиер Арамендија 3 Мајкл Метјус Мајкл Метјус Љуис Мас Љуис Мас Љуис Мас 4 Џон Дегенколб Мајкл Метјус Валерио Конти Аметс Чурука 5 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Серхио Пардиља Пим Лигтхарт 6 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алехандро Валверде Пим Лигтхарт 7 Алесандро Де Марки Рајдер Хесједал 8 Насер Буани Хавиер Арамендија 9 Винер Анакона Наиро Кинтана Љуис Мас 10 Тони Мартин Алберто Контадор Тони Мартин 11 Фабио Ару Васил Кириенка 12 Џон Дегенколб Матијас Крицек 13 Даниел Наваро Луис Леон Санчес 14 Рајдер Хесједал Луис Леон Санчес Луис Леон Санчес 15 Пшемислав Њемјец Алехандро Валверде Хавиер Арамендија 16 Алберто Контадор Луис Леон Санчес Луис Леон Санчес 17 Џон Дегенколб Боб Јунгелс 18 Фабио Ару Алберто Контадор Луис Леон Санчес 19 Адам Хансен Пим Лигтхарт 20 Алберто Контадор Жером Копел 21 Адријано Малори Адријано Малори На крај Алберто Контадор !style="background:green;"| Џон Дегенколб Луис Леон Санчес !style="background:WhiteSmoke;"| Алберто Контадор !style="background:LightCoral;"| Крис Фрум

Забелешки На етапата 4, Данило Вис, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Љуис Мас (на првото место) ја носел сината точкеста маичка како предводник на планинскиот пласман. На етапата 5, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 7-9, Крис Фрум, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапата 16, Хоаким Родригес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алејандро Валверде (на првото место) ја носел сината точкеста маичка како предводник на планинскиот пласман, додека Алберто Контадор (на второто место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 19-21, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел црвената маичката како предводник на генералниот пласман.

Пласмани

Легенда   20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања   Го означува предводникот на генералниот пласман   20п|link=Планински пласман на Вуелта а Еспања   Го означува предводникот на планинскиот пласман   20п|link=Бодовен пласман на Вуелта а Еспања   Го означува предводникот на бодовниот пласман   20п|link=Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања   Го означува предводникот на комбинираниот пласман

Генерален пласман

ВозачЕкипаВреме 1 20п 20п 2 + 1' 10" 3 + 1' 50" 4 + 3' 25" 5 + 4' 48" 6 + 9' 30" 7 + 10' 38" 8 + 11' 50" 9 + 12' 50" 10 + 13' 02"

Бодовен пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20п 169 2 146 3 20п 20п 145 4 139 5 117 6 105 7 103 8 85 9 71 10 61

Планински пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20п 58 2 20п 20п 45 3 40 4 33 5 33 6 20 7 19 8 19 9 18 10 18

Комбиниран пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20п 20п 6 2 8 3 11 4 17 5 19 6 48 7 49 8 62 9 63 10 64

Екипен пласман

МестоЕкипаВреме1 2 + 38' 54"3 + 40' 16"4 + 52' 33"5 + 1ч 06' 31"6 + 1ч 08' 09"7 + 1ч 17' 06"8 + 1ч 17' 32"9 + 2ч 13' 06"10 + 2ч 54' 48"

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Вуелта 2014: специјално издание

2014

Категорија:Светска турнеја на UCI 2014 Категорија:Шпанија во 2014 година