Гестхахт () — најголем град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 34 километри југоисточно од Хамбург, на десниот брег на реката Елба. Градот претставува дел од метрополитенската област Хамбург.
Територијата на градот непосредно се граничи со хамбуршкиот кварт Алтенгаме, додека од Долна Саксонија е разделена преку Елба, а самиот град се наоѓа на тромеѓа помеѓу трите покраини (Шлезвиг-Холштајн, Хамбург и Долна Саксонија).
Историја
Околу 800 година: Била спомената црква. 1216: Прв документирано спомнување на населба како „Хахеде“ (Hachede), тогаш дел од Саксонија. Промената на текот на Елба ја поделило населбата на две: Гестхахт и Маршахт (денес во Долна Саксонија). 1296: Гестхахт станал дел од Војводството Саксо-Лауенбург, кое настанало по распаѓањето на Саксонија. 1370: Војводата Ерик III го заложил Гестхахт — како дел од Грофовијата Бергедорф — на Либек. 1401: Војводата Ерик IV насилно ја преземал заложената земја. 1420: Гестхахт е отстапен како дел на кондоминиум („владеење на два субјекта на иста територија“) на Ханзините градови Хамбург и Либек со Мирот во Перлеберг. 1811: Гестхахт е освоен од Франција. 1813: Повратен е кондоминиум. 1865/66: Шведскиот хемичар Алфред Нобел основал фабрика за глицерол во Гестхахт (на ридот Кримел) и го осмислил динамитот. Кримел станал првата фабрика за динамит во светот. 1868: Либек го продал својот удел во кондоминиумот на Хамбург, а со тоа Гестхахт станал дел од територијата на Хамбург. 1906: Отворање на железничката линија Бергедорф-Гестхахт. 1918–1933: Гестхахт е средиште на радикалните левичарски партии (USPD, KPD и SAPD) и го добил прекарот „Малата Москва“. 1924: Добил градски права од Хамбург на 2 јануари. 1928: Уништување на историското градско јадро со пожар. 1937: Поради територијалната реорганизација на Хамбург (Закон за голем Хамбург), Гестхахт е префрлен на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн, каде станал дел од округот Војводство Лауенбург. 1953: Прекин на патничкиот сообраќај на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Гестхахт е збратимен со следниве градови:
Хогезанд-Сапемер, Холандија (од 1966 г.) Чадертон, Велика Британија (од 1966 г.) Плезир, Франција (од 1975 г.) Кулдига, Латвија (од 1991 г.)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Вести Гестхахт Галерија на Гестхахт
Категорија:Војводство Лауенбург