Херес де ла Фронтера или само Херес () — град и општина во покраината Кадис, во автономната заедница Андалусија, во југозападна Шпанија, сместена на средина помеѓу морето и планините. Градот е најголем во покраината со близу 215.000 жители, петти по големина во Андалусија. Станал сообраќаен и комуникациски јазол на покраината, надминувајќи го дури и Кадис, покраинскиот главен град, во економска смисла. Херес де ла Фронтера е исто така, во поглед на површина, најголема општина во покраината и нејзината голема површина содржи голем дел плодна почва за земјоделство. Исто така, постојат и многу фарми и ергелиња, а воедно е развиено и винарството.

Градот се наоѓа 12 километри од Атлантскиот Океан, во комарката Кампиња де Херес, регион погоден за обработка на винова лоза, кој го создава познатиот Херес. Влегува во рамките на Мунисипиос де ла Баија де Кадис со метрополитенска област од над 650.000 жители. Некои познати места во градот се Алказар де Херес (маварска тврдина), црквата Сан Мигел, манастирот Херес и катедралата Сан Салвадор.

Од 1987 година, во градот со својата патека за мотоциклизам е дел од Гран при првенството за наградата на Шпанија на почетокот на мај.

Клима

Херес де ла Фронтера како и остатокот на покраината Кадис има суптропска–средоземна клима со океански влијанија, со многу свежи и влажни зими и долги топли до жешки и суви лета. Просечната годишна температура е 24 °C во текот на денот и 12° ноќе. Просечните годишни врнежи изнесуваат 598 mm, најмногу во периодот октомври-ароил. Декември е највлажен месец со 109 mm. Годишно има 54 врнежливи денови, 137 ведри и 2.966 часа сонце.

Меѓународни односи Збратимени градови

Херес де ла Фронтера е збратимен со следниве градови:

Варегем, Белгија Арл, Франција Бијариц, Франција Лас Палмас де Гран Канарија, Шпанија Писко, Перу Кастро Урдијалес, Шпанија Фоз ду Игуасу, Бразил Севиља, Шпанија Кијосу, Јапонија Ел Пасо, Тексас, САД Мокека, Перу Кордоба, Шпанија Текила, Мексико

Наводи

Надворешни врски

Аеродром Херес де ла Фронтера Електронски весник за градот Е-Водич Херес Туризам и видеа од градот Градски водич за Херес

Категорија:Општини во Кадис Категорија:Градови во Шпанија