Аумиле () — општина во округот Војводство Лауенбург, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 21 километар од Хамбург.
Географија
Аумиле се наоѓа на реката Биле во Саксонската Шума, најголемата шума во Шлезвиг-Холштајн.
Историја
Во 1350 година, Аумиле бил првпат споменат како „Ау-Миле“ (Au-Mühle; буквално „воденица на Ау“). Во 1871 година, царот Вилхелм I му ја доделил Саксонската Шума на Ото фон Бизмар како признание на неговите дела за Германија. Во 1884 година била создадена железничка постојка „Аумиле“ на железничката линија Хамбург-Берлин, а изградбата на железничка станица започнала во 1909 година. Железничката станица Фридрихсру во соседниот Фридрихсру била отворена во 1846 година, а подоцна често користена од Ото фон Бизмарк. Карл Дениц, последниот претседател на нацистичка Германија, се преселил во Аумиле по неговото пуштање од затворот во Шпандау во 1856 година. Останал таму до смртта.
Сообраќај
Аумиле има железничка станица на хамбуршката С-Железница (линија С21).
Збратимени општини
Аумиле е збратимен со:
Мортањ сир Севр Франција Слен, денес дел од Куворден, Холандија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Војводство Лауенбург