Планински пласман на Вуелта а Еспања — второстепен пласман на велосипедската трка Вуелта а Еспања. На овој пласман, бодови се доделуваат на велосипедистите кои први ќе поминат преку планинските врвови. Пласманот бил основан во 1935 година, кога бил освоен од Италијанецот Едоардо Молинар и до 2005 година, предводникот во планинскиот пласман ја носел зелената маичка. Во 2006 година, станала портокалова, а во 2010 година станала бела со сини точки.

Шпанецот Хосе Луис Лагија го освоил овој пласман рекордни пет пати, вклучувајќи три последователни победи. Други велосипедисти кои го освоиле овој пласман три последователни пати се Антонио Суарез, Антонио Кармани, Хулио Хименес, Хосе Марија Хименес, сите Шпанци. Севкупно, Шпанците го имаат освоено овој пласман 47 од 68 пати.

Во 2010 година, Давид Монкутје размислувал за повлекување, но останал и настапил на трката, освојувајќи го неговиот трет последователен планински пласман. Во 2011 година, станал првиот возач кој го освојувал овој пласман четири последователни години.

Маичка

Од 2010 година, предводникот на планинскиот пласман ја носи белата маичка со сини точки. Планинската маичка е трета во поредокот на маички, зад маичката на генералниот пласман и бодовниот пласман, но пред онаа на комбинираниот пласман; ова значи дека ако велосипедистите водат во генералниот и планинскиот пласман, велосипедистот ја носи маичката за генералниот пласман, а планинската маичка преоѓа на вториот велосипедист во пласманот.

Правила

Организаторите на Вуелта означуваат за кои искачувања ќе се доделуваат бодови и во која категорија ќе бидат. Од 2010 година постојат 5 категории: најмногу бодови носи врвот Алберто Фернандес, највисоката точка на Вуелта.

+ Бодовна распределба Вид 1 2 3 4 5 6 Врв Алберто Фернандес 20 15 10 6 4 2 Завршница на високо искачување 15 10 6 4 2 Прва категорија 10 6 4 2 1 Втора категорија 5 3 1 Трета категорија 3 2 1

Ако двајца или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, велосипедистот кој бил прв на врвот „Алберто Фернандес“ ќе има повисок пласман. Ако ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи на завршници на високи искачувања ќе добијат повисок пласман. Ако и ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи од прва категорија и во другите, ќе добијат повисок пласман. Дури и ако по третата категорија сè уште е нерешено, ќе се искористи поредокот во генералниот пласман.

Список на победници

+Победници на планинскиот пласман Година Победник Второпласиран Третопласиран1935 1936 1937 - 1940: немало трка1941 1942 1943 - 1944: немало трка1945 1946 1947 1948 1949: немало трка1950 1951 - 1954: немало трка1955 1956 1957 1958 1959 1960 1961 1962 1963 1964 1965 1966 1967 1968 1969 1970 1971 1972 1973 1974 1975 1976 1977 1978 1979 1980 1981 1982 1983 1984 1985 1986 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018

Наводи

Категорија:Вуелта а Еспања