Изрека — нешто изречено (кажано), кое се смета за забележително и значајно на еден или друг начин.
Зависно од аспектот на забележителност, постојат ред синоними или облици на изрека:
Адаж. Афоризам кој се здобил со кредибилитет по пат на негова долготрајна употреба.
Афоризам. Концизна запамтлива дефиниција.
Банална поговорка. Површна изрека, која е стара и понекогаш банална.
Гном (старогрчки: gnome или gignoskein, знаење). Вид изрека, особено афоризам или максима која е осмислена за поучување во компактна форма.
Досетка. Досетлива или смешна забелешка.
Духовита забелешка. Паметна изрека, значајна по нејзиниот облик и стил, а не по нејзината содржина.
Епиграм. Поетска форма или коментар по извесна идеја, настан или личност.
Изветвена фраза. Безначајна, банална, или слаба забелешка.
Клише. Многу површна, ветва или банална изрека.
Максима. Фундаментален принцип или правило. Максимата е мудра изрека, која советува или препорачува начин на однесување. Во споредба со другите видови изреки, ова е концизна формулација на ултимативна вистина, фундаментален принцип или правило на однесување. Зборот потекнува од латинскиот збор maximus, „највелик“, преку изразот maxima propositio, „највелик исказ“.
Мото. Коцизен израз на мотивација.
Поговорка. Израз на практична вистина или мудрост.
Наводи
Категорија:Изрази