Продавница на тајни (италијански: La Butique del Mistero) — збирка раскази од италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati), оригинално објавена во Милано, во 1968 година. На македонски јазик, за првпат збирката е објавена во 2005 година, во издание на „Независни изданија ТНИД Ѓурѓа“ - Скопје, во рамките на едицијата „Меридијани“, по што следувало и второ издание во 2006 година, во библиотеката „Ризница“. Преводот од италијански јазик го направила Радица Никодиновска.

Технички одлики Збирката е печатена во печатницата „Европа 92“ од Кочани, во мал формат (20 сантиметри), во мек повез и има 192 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-920-48-6. На предната корица е наоѓа илустрацијата „Нобиле“ од Дино Буцати, додека на задната корица е даден кус осврт врз животот и делото на Буцати. Лектурата на книгата ја извршила Виолета Танчева-Златева, а ликовното обликување е дело на Славко Јовановски.Дино Буцати, Продавница на тајни, ТНИД “Ѓурѓа”, Скопје, 2005. Содржина Збирката „Продавница на тајни“ содржи предговор и 25 раскази: Седумте гласници Напад на големата колона Седумкатница Сепак некој тропа на вратата Шинел Нешто што почнува на буквата Л Војничка песна Нешто се случило Глувци Болниот тиранин Светци Ходникот на големиот хотел Сеќавање на поетот Колумбар Строго доверливо до господинот директор Грпки во градината Волшебното палто Ајфеловата кула Девојката која пропаѓа Двајцата возачи Крај на светот Залудни канења Лебарка Зајаци под месечината Јајце

Наводи

Категорија:Дела на Дино Буцати Категорија:Изданија на Ѓурѓа