Екскалибур (англиски: Excalibur) — американски филм од 1981 година, во режија на Џон Бурман кој е автор и на сценариото, заедно со Роспо Паленберг. Главните улоги ги толкуваат: Најџел Тери, Хелен Мирен, Габриел Бирн, Никол Вилијамс, Пол Џофри, Никоилас Клеј, Кетрин Бурман, Корин Редгрејв и Лијам Нисон.
Содржина Волшебникот Мерлин (го игра Вилијамс) му помага на Утер Пендрагон (го игра Бирн) со помош на мечот Екскалибур да ја обедини Англија и тој да биде крал. Но, Утер копнее по жената на неговиот соперник и тоа го води во пропаст. Пред да умре, Утер го набива мечот во камен. Никој не може да го извади мечот освен неговиот законски наследник на престолот. Неколку години подоцна, неговиот син Артур (го игра Тери), кој не знае дека е син на Утер и дека има голема моќ, случајно успева да го извлече мечот од каменот, нешто што претходно не им успева на многу рицари. Со помош на Мерлин, Артур е прогласен за крал на Англија, а потоа тој ја основа Тркалезната маса, собирајќи ги сите чесни англиски витези...Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 25.
Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1981 година Категорија: Филмови на Џон Бурман Категорија: Филмови со Габриел Бирн Категорија: Филмови со Хелен Мирен Категорија: Филмови со Најџел Тери Категорија: Филмови со Лијам Нисон Категорија:Американски фантастични филмови