алт=Карел Чапек - Девет бајки и уште една како приказна|мини|Карел Чапек - Девет бајки и уште една како приказна „Легенди“ (чешки: Devatero Pohádek...) е збирка раскази од чешкиот писател Карел Чапек. Збирката е објавена во 1967 година, во издание на „Македонска книга - Скопје, во рамките на библиотеката „Златна клупа“. Преводот од словенечки јазик е дело на Димитар Димитров. Технички одлики Збирката е печатена во мек повез и има 114 страници. Книгата не е каталогизирана. Техничкото уредување е дело на Коста Бојаџиевски, додека нацртот на корицата го направил Томо Шијаковиќ. Во книгата има илустрации, кои се дело на Јозеф Чапек. Коректурата е дело на Драга Стефанова. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 10 000 примероци.Карел Чапек, Легенди, Македонска книга, Скопје, 1967. Содржина Збирката „Легенди“ содржи осум раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена белешка за писателот. Во збирката се застапени следниве раскази: Кучешка легенда Птичја легенда Легенда за водните луѓе Разбојничка легенда Легенда за поштарите Скитничка легенда Голема полициска легенда Голема докторска легенда (Коска во грлото, За Сулејманската принцеза, Случајот со Хејкал, Случајот со водниот човек, Случајот со вилите, Како е излечен волшебникот Магијаш).
Наводи
Категорија:Дела на Карел Чапек Категорија:Чешки раскази Категорија:Изданија на Македонска книга