Тур Даун Андер 2011 — 13. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер. Се одржала од 18 до 23 јануари 2011 година и била прва трка во сезоната на Светската турнеја. Трката следувала по трката Кансер Кансил Класик, во неделата на 16 јануари, која се состоела од 30 кругови околу паркот Римил во Аделаида, со вкупна должина од 51 километар.
Трката била освоена од возачот на Камерон Мајер, откако ја носел водечката охра маичка, која ја преземал по етапната победа на четвртата етапа. Победничката разлика на Мајер пред второпласираниот сонародник Метју Гос () — победник на првата етапа на трката — била само две секунди, втора најмала разлика во историјата на трката. Возачот на Бен Свифт — двократен етапен победник на втората и завршната етапа — го заокружил подиумот, осум секунди зад Мајер.
Во другите пласмани на трката, крајниот победник Мајер бил исто така и освојувач на црната маичка за највисоко пласиран возач под 26 години, а Гос ја зел сината маичка за највисок број на бодови освоени на средните спринтови и етапните завршници. Возачот на УниСА-Австралија Лук Робертс го освоил планинскиот пласман, а завршиле на чело на екипниот пласман.
Фаворити
Тур Даун Андер 2011 била многу возбудлива трка бидејќи Марк Кевендиш од го забележил своето прво појавување на трката. Германецот Андре Грајпел ја напуштил екипата на Марк Кевендиш, , во 2010 година и се приклучил на , создавајќи соперништво помеѓу двајцата спринтери. Грајпел, предводник на се обидел да извлече целосна предност од неговото водство и да оствари трета победа на Тур Даун Андер.
Иако не се очекувал како фаворит, трката во 2011 година ја одбележил Ленс Армстронг како последна трка надвор од САД како професионален велосипедист.
Екипи
Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат своја екипа. Покрај нив била повикана и екипата на Универзитетот на Јужна Австралија (УниСА), со што се создала група од 19 екипи.
UCI ProTeam екипи:
Екипа повикана со специјална покана:
УниСА
Распоред
ЕтапаДвижењеРастојаниеДатумПобедник 1 Мосон Лејкс — Ангастон138 км 18 јануари 2Тејлем Бенд — Манум146 км 19 јануари 3Анли — Стирлинг129 км 20 јануари 4Норвуд — Страталбин124 км 21 јануари 5Мекларен Вал — Вилунга131 км 22 јануари 6Аделаида — Аделаида90 км 23 јануари
Етапи Етапа 1
Резултат од етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Охра маичка 20п|Сина маичка 20п|Црна маичка 3ч 16' 58" 2 + 4" 3 + 6" 4 УниСА + 7" 5 + 7" 6 20п|Црвена маичка + 7" 7 + 7" 8 + 10" 9 + 10" 10 + 10"
Етапа 2
Резултат од етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 2 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Охра маичка 6ч 44' 42" 2 20п|Црна маичка + 0" 3 + 0" 4 + 4" 5 20п|Сина маичка УниСА + 4" 6 + 6" 7 + 6" 8 + 7" 9 + 7" 10 + 7"
Етапа 3
Резултат од етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 20п|Црна маичка и.в. 4 и.в. 5 20п|Бела маичка УниСА и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Охра маичка 20п|Сина маичка 20п|Црна маичка 9ч 56' 25" 2 + 2" 3 + 4" 4 + 4" 5 + 4" 6 + 14" 7 + 14" 8 + 14" 9 + 14" 10 + 14"
Етапа 4
Резултат од етапа 4 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 + 3" 4 + 10" 5 20п|Охра маичка + 24" 6 + 24" 7 + 24" 8 + 24" 9 + 24" 10 + 24"Генерален пласман по етапа 4 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Охра маичка 20п|Црна маичка 12h 54' 30" 2 + 10" 3 + 12" 4 + 15" 5 + 16" 6 + 18" 7 + 18" 8 + 26" 9 + 27" 10 + 28"
Етапа 5
Резултат од етапа 5 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 20п|Бела маичка УниСА и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 5 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Охра маичка 20п|Црна маичка 16ч 00' 40" 2 20п|Сина маичка + 8" 3 + 10" 4 + 12" 5 + 17" 6 + 18" 7 + 26" 8 + 27" 9 + 28" 10 20п|Бела маичка УниСА + 28"
Етапа 6
Резултат од етапа 6 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 20п|Сина маичка и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 УниСА и.в.Краен генерален пласман ВозачЕкипаВреме 1 20п|Охра маичка 20п|Црна маичка 17ч 54' 27" 2 20п|Сина маичка + 2" 3 + 8" 4 + 9" 5 + 10" 6 + 17" 7 + 26" 8 + 26" 9 + 27" 10 20п|Бела маичка УниСА + 28"
Поредок
На Тур Даун Андер 2011 се доделувале шест различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на секоја етапа и на средните спринтови, предводникот ја носел охра маичката. Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2011 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите три места на некоја етапа и на средните спринтови, па најдобрите тројца на етапите добивале 8, 6 и 4 бода соодветно, а најдобри тројца на средните спринтови добивале 6, 4 и 2 бода соодветно.
Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала белата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти. За разлика од други велосипедски трки, немало категоризација на искачувањето, па така сите искачувања имале исти бодови (16, 12, 8, 6 и 4) на првите петорица на врвот.
Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со црната маичка. Овој пласман се пресметува на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1986 може да учестуваат во пласманот.
Поради правилата на UCI кои го ограничуваат бројот на маички на четири, горните се единствените маички кои се доделувале на возачите, кои потоа биле носени од возачите на следната етапа. Но имало и две други маички. Првата била црвената маичка за најборбен возач. Оваа награда била споредена со наградата за борбеност на Тур де Франс. Ако возачот ја добиел црвената маичка на подиумот по етапата, тој ја носел неговиот вообичаен дрес (освен ако не носел некоја од горните четири) на следната етапа, додека наградата за најборбен возач била означувана со црвен број.
Шеста и последна маичка била за екипниот пласман. Оваа маичка не била доделувана на подиумот по етапите, туку била доделувана на победничката екипа на крајот на трката. Екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите четворица возачи од секоја екипа по секоја етапа. Маичката била сина.
Етапа ПобедникГенерален пласман25пПланински пласман25пСпринтерски пласман25пПласман за млад возач25пЕкипен пласман25пНајборбен возач25п 1 Метју Гос Метју Гос Лук Робертс Метју Гос Метју Гос Сајмон Кларк 2 Бен Свифт Роби Мекјуан Мичел Докер Јуриј Кривцов 3 Мајкл Метјус Метју Гос Метју Гос Лук Дарбриџ 4 Камерон Мајер Камерон Мајер Томас де Гент Камерон Мајер Томас де Гент 5 Франсиско Вентосо Метју Гос Ричи Порт 6 Бен Свифт Стјуарт О’Грејди На крај Камерон Мајер Лук Робертс Метју Гос Камерон Мајер —
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Тур Даун Андер Категорија:Светска турнеја на UCI 2011 Категорија:Австралија во 2011 година