Џиро ди Ломбардија (; наречена и Трка околу Ломбардија) — класична велосипедска трка која се вози низ областа Ломбардија, во Италија. Претставува последен „монумент“ во европскиот календар и е една од последните трки во рамки на календарот на Светската турнеја, при што многупати била одлучувачка за натпреварувањето. Нејзиниот прекар е „класик на мртвите (паѓачки) лисја“ () поради тоа што се одржува во есен.
Историја
Првото издание било во 1905 година. Тогаш била наречена Милано-Милано. Денешното име го добила во 1907 година. Рутата се менувала повеќепати. Милано, Сесто Сан Џовани, Бергамо, Варезе, Монца, Комо биле почетни или завршни точки на трката. Во 2004 година, трката започнала во Мендрисио во Швајцарија, а завршила во Комо. Најпознато искачување е Мадона дел Гизало, кое се наоѓа во завршниот дел на трката. На врвот се наоѓа мал музеј посветен на верата и велосипедизмот.
Фаусто Копи ја освоил рекордни пет пати. Французинот Анри Пелисје и Ирецот Шон Кели се единствените неиталијански возачи кои ја освоиле трката трипати. Најнеодамнешните изданија на трката (2012 и 2013) ги освоил Хоаким Родригес.
Рута
Рутата била менувана повеќепати низ годините, иако симболот на трката останало езерото Комо и искачувањето Гизало кое започнува близу Белаџо и се доаѓа до црквата Мадона дел Гизало, патронот на велосипедистите. Милано, Монца, Комо и Бергамо биле традиционално завршните градови на трката низ годините. Од 2004 година, крајот се вратил на езерото во Комо со краткото, но тешко, искачување Сан Фермо дела Баталја, неколку километри пред крајот. Во 2010 година бил воведено искачувањето Колма ди Сормано кое го заменило искачувањето Цвилјо по искачувањето Гизало. Искачувањето Сормано било исто така воведено во целосно променетата рута во 2011 година. Искачувањето било поставено пред Мадона дел Гизало. По искачувањето Гизало, следувала рамна делница до Леко за последното искачување на трката во должина од 3,4 километри. По спустот останувале само 3 километри до крајот. Стрмниот пат на искачувањето Вила Вергано се покажало за одлучувачки во 2011 и 2012 година.Новата рута на Џиро ди Ломбардија е претставена
ГодиниПочетокКрај 1905–1960 Милано Милано 1961–1984 Милано Комо 1984–1989 Комо Милано (Дуомо) 1990–1994 Милано Монца 1995–2001 Варезе Бергамо 2002 Канту Бергамо 2003 Комо Бергамо 2004–2006 Мендризио (ШВА) Комо 2007–2009 Варезе Комо 2010 Милано Комо 2011 Милано Леко 2012–2013 Бергамо Леко 2014, 2016 Комо Бергамо 2015, 2017 Бергамо Комо
Победници
Повеќекратни победници
Победи Велосипедист Држава Изданија 5 Фаусто Копи 1946, 1947, 1948, 1949, 1954 4 Алфредо Бинда 1925, 1926, 1927, 1931 3 Анри Пелисје 1911, 1913, 1920Костанте Џирарденго 1919, 1921, 1922Гаетано Белони 1915, 1918, 1928Џино Бартали 1936, 1939, 1940Шон Кели 1983, 1985, 1991Дамијано Кунего 2004, 2007, 2008 2 Џовани Брунеро 1923, 1924Алдо Бини 1937, 1942Марио Ричи 1941, 1945Јо де Ро 1962, 1963Франко Битоси 1967, 1970Еди Меркс 1971, 1972Феличе Џимонди 1966, 1973Роже де Влеминк 1974, 1976Франческо Мозер 1975, 1978Бернар Ино 1979, 1984Џанбатиста Барончели 1977, 1986Тони Ромингер 1989, 1992Микеле Бартоли 2002, 2003Паоло Бетини 2005, 2006Филип Жилбер 2009, 2010Хоаким Родригес 2012, 2013Винченцо Нибали 2015, 2017
По националност
# на победиДржава6912125432111111
Наводи
Надворешни врски
Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Велосипедски трки во Италија Категорија:Класични велосипедски трки Категорија:Светски друмски куп UCI
Категорија:Светска турнеја на UCI