Дејвид Ендрју Симан (Ротерам, 19 септември 1963) — англиски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата голман.
Во својата долга клупска кариера која траела 23 години, најмногу сезони поминал, а воедно и најмногу натпревари одиграл, за Арсенал.
Голот на англиската репрезентација го чувал на 75 натпревари и ја претставувал на две европски (1996 и 2000) и две светски првенства (1998 и 2002). Го зазема второто место меѓу англиските голмани со најмногу натпревари за дресот со националниот грб зад Питер Шилтон.
Својата играчка кариера ја завршил во јануари 2004 година, поради периодични повреди на рамото. Бил назначен во Редот на Британската Империја во 1997 година за своите заслуги во спортот.
Клупска кариера Симан ја започнал својата кариера во , клуб чиј навивач бил како дете. Сепак, откако не му била укажана шанса од тогашниот менаџер на белите Еди Греј, во август 1982 тој преминал во Питерборо Јунајтед, клуб од четвртата дивизија на англискиот фудбал. Таму многу брзо успеал да се наметне и бил прв голман во текот на двете години колку го чувал голот на Питерборо.
Во 1984 година, Бирмингем Сити го купил Симан од Питерборо за 100.000 фунти. Во првата сезона, тој му помогнал на клубот да избори промоција во Првата дивизија, но оттаму испаднале веќе следната сезона, па во август 1986 година Симан потпишал со Квинс Парк Ренџерс. Голот на лондонскиот клуб го чувал во наредните четири сезони во Првата дивизија, а одличните настапи за клубот му донеле и деби во репрезентацијата во 1988 година.
Со преоѓањето во Арсенал, подоцна се афирмирал како еден од најдобрите голмани во своето време. Со топџиите го освојувал првенството во сезоните 1990-1991, 1997-1998 и 2001-2002, истовремено станувајќи ѕвезда во репрезентацијата по пензионирањето на Шилтон. Освоил уште 4 титули во ФА Купот (1992–1993, 1997–1998, 2001–2002, 2002–2003).
Во сезоната 1993-1994, го освоил Купот на победниците на куповите, неговиот единствен интернационален трофеј во карерата; Во 1999 година, поставил рекорд во историјата на Арсенал со 17 примени голови на 38 лигашки натпревари, додека во 2003 година станал еден од ретките играчи во светот кои стигнале до 1000 одиграни официјални натпревари.
Во летото 2003, го напуштил Арсенал по 13 сезони поминати во клубот и се преселил во Манчестер Сити. Сепак, многу брзо по доаѓањето во Манчестер, во јануари 2004 бил приморан да ја заврши својата кариера поради повреда на рамото. Интересно, и во клубот и во репрезентацијата го заменил Дејвид Џејмс.
Репрезентативна кариера За англиската репрезентација играл до 2002 година, претставувајќи ја земјата на две светски првенства во 1998 и 2002, и на две европски првенства во 1996 и 2000. Вкупно одиграл 75 натпревари.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1982-1983 Питерборо Јунајтед 4Д 38 -? ФАКуп+ЛК 2+4 -? - - - - - - 44 -? 1983-1984 4Д 45 -? ФАКуп+ЛК 2+4 -? - - - - - - 51 -? авг. 1984 4Д 8 -? ФАКуп+ЛК 1+2 -? - - - - - - 11 -?Вкупно Питерборо Јунајтед 91 -? 15 -? - - - - 106 -? 1984-1985 Бирмингем Сити 2Д 33 -? ФАКуп+ЛК 2+2 -? - - - - - - 37 -? 1985-1986 1Д 42 -? ФАКуп+ЛК 3+2 -? - - - - - - 47 -?Вкупно Бирмингем Сити 75 -? 9 -? - - - - 84 -? 1986-1987 Квинс Парк Ренџерс 1Д 41 -? ФАКуп+ЛК 6+4 -? - - - Фмк 1 -? 52 -? 1987-1988 1Д 32 -? ФАКуп+ЛК 4+3 -? - - - Фмк 1 -? 40 -? 1988-1989 1Д 35 -? ФАКуп+ЛК 4+3 -? - - - Фмк 1 -? 43 -? 1989-1990 1Д 33 -? ФАКуп+ЛК 3+3 -? - - - Фмк 1 -? 40 -?Вкупно Квинс Парк Ренџерс 141 -? 30 -? - - 4 -? 175 -? 1990-1991 Арсенал 1Д 38 -18 ФАКуп+ЛК 8+4 -? - - - - - - 50 -? 1991-1992 1Д 42 -47 ФАКуп+ЛК 1+3 -? КШ 4 ? КШ 1 -? 51 -? 1992-1993 ПЛ 39 -34 ФАКуп+ЛК 8+9 -? - - - - - - 56 -? 1993-1994 ПЛ 39 -24 ФАКуп+ЛК 3+5 -? КПК 9 -? КШ 1 -? 57 -? 1994-1995 ПЛ 31 -31 ФАКуп+ЛК 2+6 -? КПК 9 -? СУ 2 -? 50 -? 1995-1996 ПЛ 38 -32 ФАКуп+ЛК 2+7 -? - - - - - - 47 -? 1996-1997 ПЛ 22 -15 ФАКуп+ЛК 2+2 -? КУ 0 0 - - - 26 -? 1997-1998 ПЛ 31 -29 ФАКуп+ЛК 4+1 -? КУ 2 -2 - - - 38 -? 1998-1999 ПЛ 32 -15 ФАКуп+ЛК 5+0 -3 ЛШ 6 -8 КШ 1 0 44 -26 1999-2000 ПЛ 24 -27 ФАКуп+ЛК 2+1 0 + -1 ЛШ+КУ 2+7 -5 + -4 КШ 0 0 36 -37 2000-2001 ПЛ 24 -23 ФАКуп+ЛК 5+0 -4 ЛШ 10 -8 - - - 39 -35 2001-2002 ПЛ 17 -8 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛШ 7 -9 - - - 25 -17 2002-2003 ПЛ 28 -31 ФАКуп+ЛК 5+0 -2 ЛШ 9 -6 КШ 1 0 43 -39Вкупно Арсенал 405 -334 91 -? 65 -? 6 -? 567 -? 2003-2004 Манчестер Сити ПЛ 19 -24 ФАКуп+ЛК 1+0 -2 КУ 5 -3 - - - 25 -29Вкупно во кариерата 731 -? 146 -? 70 -? 10 -? 957 -?
Титули Арсенал Прва дивизија/Премиер лига : 3 1990-1991, 1997–1998, 2001–2002 ФА Куп : 4 1992–1993, 1997–1998, 2001–2002, 2002–2003 Лига куп : 1 1992-1993 ФА Черити/Комјунити Шилд : 3 1991 (поделено), 1998, 2002 Куп на победниците на куповите : 1 1993–1994
Почести 60px Член на Британската Империја
Наводи
Надворешни врски
Дејвид Симан на soccerway Дејвид Симан на transfermarkt Дејвид Симан на zerozero Дејвид Симан на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1963 година