Ангел Мојсовски (Ораовец, Велешко, – Скопје, ) — македонски комунист, учесник во НОВ и активен воен старешина по ослободувањето, генерал. На 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој. Носител е и на Партизанска споменица 1941.

Животопис Ангел Мојсовски е роден во селото Ораовец, Велешко, во работничко семејство. Уште како млад бил испратен во Велес да учи механичарски занает, каде истовремено учел во вечерно училиште.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 259

Учеството во Народноослободителната војна Бил учесник на демонстративни акции пред војната. Станал член на СКОЈ и учесник во подготовките за кревање на вооруженото востание во 1941 година, и веднаш ја формирал и раководел со првата скоевска група во Ораовец. Неговата група имала за цел прибирање оружје и храна за партизанскиот одред. Во втората половина на 1941 година, Ангел заминал на работа во рудникот „Језерина“ на Космет. На 9 септември 1942 година, Ангел ја минирал електричната централа на рудникот, и веднаш заминал во партизани.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 260 Во 1942 година веќе бил борец на Шарпланинскиот, каде извршувал бројни должности: бил курир меѓу Главниот штаб на Космет и Одредот, делегат, заменик комесар на чета, политички комесар на чета, скоевски раководител на одредот. Во 1943 година со дел од Одредот се префрлил во Кумановскиот партизански одред. На 26 февруари влегол во стројот на новоформираната Трета македонска ударна бригада, и бил поставен за заменик командант на третиот баталјон.

Бил командант на Вториот баталјон „Орце Николов“, а подоцна и на Третиот баталјон на Третата македонска бригада. Член е на КПМ од 1943 година. Учествувал во многу борби во источниот дел на Македонија, како и на целиот марш од Егејска Македонија и назад. Учествувал во разбивањето на Вардарскиот корпус, во нападот на железничката станица Ристовац на 27 март 1944 година, како и во борбите кај селото Сејаце, Биљача, Злетовските рудници и освојувањето на Кратово на 25 април 1944 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 261

Во август 1944 година бил ранет во судир со бугарската војска на Пониква, по што бил префрлен на лекување во Бари, Италија.

По војната бил командант на КНОЈ-евската дивизија, на Дванаесеттата бригада и на други воени единици, а едно време ја извршувал и функцијата инспектор на Главната инспекција на ЈНА. Пензиониран е во 1980 година.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 981-982 стр.

Наводи

Категорија:Луѓе од Ораовец Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски генерали Категорија:Родени во 1923 година Категорија:Починати во 2001 година Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Починати во Скопје