Грците (грчки: Έλληνες, Елинес) — индоевропски народ чија матична држава е Грција, каде што ги има и во најголем број. Конститутивен народ се и на Кипар. Грците го зборуваат грчкиот јазик и имаат православна вероисповед, но постојат помали католички заедници во јонските и егејските острови, последица на вековното италијанско присуство во тие мориња.

Грците како тема во уметноста и во популарната култура „Бачванинот и Гркот“ (Бачванин и Грк) - српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 154.

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Грците се повеќе љубезни другари, отколку доверливи пријатели.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194. Според него, тие не се љубоморни зашто сметаат дека жената може лесно да се надомести, како и поради тоа што и тој е во состојба да изневери.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111. Во својот роман „Истражител“, српскиот писател Драган Великиќ вели дека „Гркините не се одликуваат со убавина, но кога се убави, тогаш се вистински божици“.Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 131.

Надворешни врски

Омогенија Светски конгрес на Грци во странстви (САЕ)

Религиозни Вселенска патријаршија во Цариград Грчка православна патријаршија на Александрија Црква на Грција

Академски Програма за транснационални заедници на универзитетот во Оксфорд , вклучува документи поврзани со грчката дијаспора Greeks on Greekness

Извори

Категорија:Народи