Хоенвештет-Ланд () — поранешна општинска заедница во округот Рендсбург-Екернферде, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓала околу општината Хоенвештет, која била седиште на општинската заедница, но не и член на заедницата. Од јануари 2007 година, Хоенвештет-Ланд ја создала општинската заедница Среден Холштајн заедно со општинската заедница Аукруг, Ханерау-Хадемаршен и самиот Хоенвештет. Среден Холштајн станала општинска заедница на 1 јануари 2012 година и општинската заедница Хоенвештет-Ланд била распуштена. мини|Знаме на Хоенвештет-Ланд Општинската заедница Хоенвештет-Ланд се состоела од следниве општини:
Берингштет Грауел Хајнкенборстел Јарсдорф Мецен Мерел Нинборстел Ниндорф Остерштет Раде кај Хоенвештет Ремелс Тапендорф Тоденбител Вапелфелд
Категорија:Поранешни општински заедници во Шлезвиг-Холштајн