Моник Витиг (13 јули 1935 година - 3 Јануари, 2003) била француска авторка и феминистичка теоретичаркаMonique Wittig, 67, Feminist Writer, Dies, by Douglas Martin, January 12, 2003, New York Times која пишувала за надминувањето на социјално спроведените родови улоги. Таа го објави својот прв роман, L'Opoponax, во 1964 година. Нејзиниот втор роман, Les Guérillères (1969), беше еден од најпознатите феминистички романи.

Стил на пишување Витиг имаше материјалистички пристап во нејзините дела (евидентно во Les Guérillères). Таа, исто така, имаше критички теоретски пристап.

The Straight Mind Иако Витиг прикажувала само жени во нејзината литература, таа ја мразела идејата дека е "писател на жените".

Покрај тоа, за Витиг, категоријата "женственост" постои само преку нејзината врска со категоријата "мажественост", и “женственоста" без врската со "мажественоста" ќе престане да постои. Таа се залага за силна универзалистичка позиција, велејќи дека изразувањето на идентитетот и ослободувањето на желбата бараат укинување на родовите категории.

Теоретски ставови Витиг беше теоретичар на материјалниот феминизам. Таа верувала дека е историска задача на феминистките да го дефинираат угнетувањето во материјалистички услови. Неопходно е да се направи јасно дека жените се класа, и да се признаат категоријата "жена", како и категоријата на "мажот" како политички и економски категории. Витиг вели дека овие две општествени класи постојат поради социјалните односи помеѓу мажите и жените.Wittig, Monique. “One Is Not Born a Woman.” Feminist Theory Reader: Local and Global Perspectives. Ed. Carole R. McCann and Seung-Kyung Kim. New York: Routledge, 2013. 246-250. Print.Wittig, Monique. “The Category of Sex.” The Straight Mind and Other Essays. Ed. Monique Wittig. Boston: Beacon Press, 1992. 5-8. Print.

Лингвистика Витиг наведува дека "Родот е јазичниот индекс за политичката опозиција меѓу половите." Само еден род постои: женскиот, машкиот не е род. Машкиот е генералното, бидејќи машкото искуство се нормализира. Женскиот е конкретноста која се означува преку родот во јазикот, додека само машкиот воопшто е апстрактен. Витиг ги фали Џуна Барнс и Марсел Пруст за универзалирањето на женското со тоа што нема разлика во начинот на кој тие ги опишуваат машките и женските ликови. Витиг смета дека е неопходно да се потиснат родовите на ист начин како што тоа го направи Џуна Барнс.Wittig, Monique. “Point of View: Universal or Particular?” The Straight Mind and Other Essays. Ed. Monique Wittig. Boston: Beacon Press, 1992. 60-61. Print.

Цитати Од Les Guérillères

Наводи

Надворешни врски Monique Wittig Literary Estate Monique Wittig Biography

Категорија:Француски филозофи Категорија:Француски писатели Категорија:Француски феминистки Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Починати во 2003 година Категорија:Книжевни теоретичари