Азис Положани (роден на 15 февруари 1957 година во Ливада) — македонски професор, доктор и политичар.
Животопис
Положани дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина во 1980 година. Последипломски студии и специјализација завршил во Загреб во 1988 година, а субспецијалистички студии во Швајцарија во 1991 година.
Од 1983 до 1990 година, тој работел на Медицинскиот факултет во Приштина. Од 1998 до 2002 година, тој бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Автор е и соавтор на повеќе од двесте научни и професионални студии од областа на медицината.Биографија на www.sobranie.mk
Функцијата Министер за образование и наука ја извршувал од 1 ноември 2002 до 6 јули 2006 година.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Ливада Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2002 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Политичари од ДУИ