Ризван Сулејмани (албански: Rizvan Sulejmani; , ) — македонски политичар, поранешен пратеник на ПДП, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на СДСМ и на ДУИ и директор на Институтот за политички и мултикултурни студии.
Животопис Сулејмани е роден на 8 јануари 1957 година во скопско Љубин. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, а магистрант е на Европски интеграции и комуникации. Добро знае англиски, а се служи и со францускиот јазик.
Сулејмани на функцијата министер за локална самоуправа, дошол од функцијата заменик на министерот за одбрана што ја извршувал од 12 ноември 2002 година, до формирањето на владата на Владо Бучковски.
Во периодот од 1996 до 2002 година Сулејмани бил пратеник во македонското Собрание, член на повеќе негови комисии, како и член на Делегацијата на Парламентот на Република Македонија во Парламентот на НАТО.
По дипломирањето, Ризван Сулејмани работи како професор во гимназијата „Зеф Љуш Марку”, а потоа и како раководител на Компјутерскиот центар во Републичкиот трудов инспекторат.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2002 Категорија:Луѓе од Љубин Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Пратенички состав 1998-2002