мини|250px|Насловна страна на Левијатанот на Томас Хобс Држава — множество на институции кои ја имаат моќта да ги создаваат правилата кои владеат со луѓето во едно или повеќе општества, имајќи притоа внатрешен и надворешен суверенитет врз дефинирана територија. Следејќи ја дефиницијата на Макс Вебер за поимот „држава“, таа има монопол врз концептот на сила. Оттука, државата вбројува разни институции низ кои ја практикува силата, како што се на пример: Армијата, Бирократијата, Судовите и Полицијата. Симболите како што се приватните армии и приватни судови се одлики на феудализмот, а во модерното општество се симбол на „пропадната држава“.

Иако изразот „држава“ се користи во најширока смисла на зборот, за да го опише државниот апарат, модерната држава има битни разлики со античката, и тоа одлики кои најпрво се консолидирани во западна Европа во 15 век.

Во доцниот XX век, глобализацијата на светската економија, подвижноста на луѓето и капиталот, и порастот на меѓународни институции, придонесоа да се намали зависноста од државата. Сепак државата како поим останува фундаменталена политичка единица во светот, од нејзиното појавување во 16 век. Одтука државата опстанува централен концепт во изучувањето на политиката, а нејзината дефиниција сѐ уште претставува контраверзија во научните кругови.

Политичките социологија, во традицијата и духот на Карл Маркс и Макс Вебер, вообичаено ја претпочитаат државата преку нејзината улога на примена на државниот апарат.

Од доцниот 19 век, концептот на држава и нација се засилува и доаѓа до групирање на веќе постоечки именувани територии, окрупнувања, и групирања на номадски територии кои претходно не биле организирани во држава. Во моментов има повеќе од 200 држави кои ја сочинуваат меѓународната сцена, и голем дел од нив се претставени во Обединетите Нации.

Во рамките на федерален систем, терминот држава исто така се однесува на политички единици кои не се суверени сами по себе, но подлежат на авторитетот на поголема држава, како што е случајот на пример со САД.

Дефинирање на државата Според добитникот на Нобеловата награда за економија, Џејмс Бјукенен, државата треба да се сфати како множество на правила или институции преку кои поединците делуваат колективно наместо поединечно.James M. Buchanan, and Gordon Tullock, The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy. The University of Michigan Press, 1962, стр. 308.

Потеклото на државата

Потеклото на државата се пронаоѓа во развојот на уметноста на војувањето. Историски гледано, нема никаква тешкотија во докажувањето дека сите модерни политички заедници го должат своето постоење на успешно војување. Како резултат, новите држави мораат да бидат организирани на воени принципи. Животот на новата заедница е военото сојузништво. Војската по природа е со натпреварувачки дух. Од сите институции со кои се владеело во државите, кралството е најдолготрајна сè до Француската револуција, која ставила крај на “божествените права на кралевите„. Меѓутоа кралството е можеби најуспешна политичка институција. Сепак, првите кралеви не биле институции, туку поединци. Првите кралеви биле успешни на воен план. Тие биле луѓе со не само голема воена генијалност, туку и одлични управници. Кралството станува институција преку наследувањето.

Кралот владее со кралството со помош на совет. Без совет кралот не може да ги држи своите територии. Советот е експертскиот тим на кралот. Советот е никулецот на уставната влада. Одамна пред советот да стане заштитник на демократијата, тој обезбедувал клучна помош на кралството како институција, преку:

Зачувување на кралството како институција преку наследување. Зачувување на традициите на општествениот поредок. Способност за трпење на критика како безлична власт. Способност за управување со поголемо знаење и дејствување во споредба со едрн поединец како кралот.

Највисоко поставени меѓу потчинетите, ерловите во Англија и Шкотска и војводите и грофовите на континентот, биле право на избор на советот. Освојувач води војна за освојување поради освета или за грабежи, но установеното кралство ја наплаќа данок од потчинетите. Една од функциите на Советот е да ја чува кралската каса полна. Друга е исполнувањето на воената обврска, и поставувањето на кралското господство заради исполнување на задачата за собирање на даноци и војници.

Државата и сопственоста Сопственост е правото на секој поединец или група на луѓе да ужива во користа на предмет без разлика дали е материјален или интелектуален. Право е моќ зајакната со јавен интерес. Некогаш се случува примената на правото да се коси со јавниот интерес. Сепак, правото на сопственост е производ од јавниот интерес, без разлика дали тој е минат, сегашен или иден. Порастот на знаењето е клучот на историјата на сопственоста како институција. Колку повеќе стануваме свесни за постоењето на некој предмет, без разлика дали тој е физички или интелектуален, толку повеќе истиот го присвојуваме. Појавувањето на државата, ја донесе последната фаза во еволуцијата на сопственоста, почнувајќи од дивиот живот, до сопружништвото. Во присуство на државата, можеме да имаме земјишна сопственост. Државата почнала да доделува господства, и со тоа го заменила доделувањето на сопственоста, со наследување. Со сопственоста на земја се појавил и закупот и размената на добра, профитот, па така “господарот на земјата„ од минатото, во модерните времиња е земјопоседник. Ако е погрешно претпоставено дека вредноста на земјата е секогаш иста, тогаш воопшто нема никаков тек на еволуцијата на сопственоста. Меѓутоа, цената на земјата се зголемува со секое зголемување на бројот на населението од кое земјопоседникот има корист. Земјопоседниците на големи земјишни површини биле најценети од сите политички служби. Во индустријата, позицијата на земјопоседникот не е толку важна, но во градови кои се развиле благодарение на индустријата, среќните земјопоседници “ожнеале„ огромни заработувачки. Кон крајниот период на Средниот век во Европа, Државата (со користење на конфискацијата за полнење на благајните) и Црквата (со добивање на огромни површини земја) беа здружени против селските заедници и малото господство. Оваа соработка била толку успешна, што денес селото се смета за идеално за индивидуалисти, односно тоа е место каде “секој може да прави што сака со самиот себеси„. Државата била најважниот фактор во еволуцијата на правото на сопственост без оглед дали тоа е јавно или приватно.

Државата и правниот систем Државата како воена институција е засегната со сојузите. Нелојалноста на сојузник на држава е ризик за државната безбедност. На тој начин, бил воведен закон за предавство. Криминалните постапки, главно, нарушување на мирот и предавство го сочинуваат кривичното право кое е поддржано од државата за разлика од правото кое е поддржано од физичките лица. Државната правда го заземала местото на кланската, феудалната, трговската и црковната правда поради, силата, вештината и едноставноста. Доказ за супериорноста на кралските судови над феудалните другите судови е тоа што само кралските судови воделе евиденција за нивните судски постапки. Кралските судови вовеле судење пред порота, со што нивната популарност била загарантирана, а воедно ѝпретставувала бедем на слободата. До времето на протестантското реформаторство, со поделбата на Црквата од Државата, во најнапредните земји државата успеала да се справи со делењето правда.

Државата и законите Составувањето на закони било непознаница за примитивните општества.

Најупорните од сите патријархални општества, Евреите, го задржуваат нивното племенско право до одреден степен во нееврејските градови на Западот. Ова племенско право е рудиментираната идеја за право бидејќи се појавила за време на патријархалната фаза на општеството, тоа било обичај или правило кое било санкционирано со одобрување или пракса на постарите.

Неподносливата ситуација во текот на 10-иот век кога секој мал град имал свој закон, па така државите како Франција, Германија, Шпанија и други немале свое унифицирано право сѐ до крајот на 18 век била прекината, благодарение на три пресудни средства кои помогнале да се создаде модерен правен систем и законодавство.

Записи. На почетокот на средниот век во Европа се појавуваат т.н. фолклорни закони кои се појавуваат точно за време на преодот на патријаршијата во држава. Тие се должат на една причина: желбата на кралот да ги знае обичаите на неговите поданици. Тие не се законодавство во смислата на правење на закони туку изјави или објавување на обичај. Тие се составени од познавањето на обичаите на луѓето. Непишаниот обичај се менува неприметно, но не и пишаниот. Текстот може да се земе предвид во секое време. Сепак, пишаниот текст може да се промени со додавање, со секое ново издание. Судови. Со земањето на некое општо правило, кое било заедничко за сите заедници и со игнорирање на разликите меѓу нив било моделирано англиското обичајно право. На овој начин, правото станало исто во сите области на кралството. Причината зошто останатите држави во Европа добиле обичајно право со векови подоцна, е тоа што државата во овие земји немала правосудство кога Англија имала. Еден од најитрите потези со кој англиските судии го пробиле прифаќањето на обичајното право било ограничувањето на овластувањата на поротата да донесува одлуки со прашања за фактите. Отпрвин поротата одговара на правни прашања и прашања за фактите, а поради тоа што е чисто локално тело, ги следи локалните обичаи. Била усвоена познатата поделба на: област на работење на, судија и на порота. Фиктивни дејствија. Записите и судовите биле важна помош на луѓето да се приспособат кон законодавството но биле бавни и неусовршени. Иако бавно, тие почнале да функционираат бидејќи луѓето се наклонети кон промената на формата на некоја фиктивна дејност, додека не биле многу воодушевени ако фактите биле познати.

На крај доаѓа усвојувањето на законите или законодавството. Кога е брз напредокот и развојот, се воведува и побрз начин на политичко претставување. Методот не потекнува од примитивните општества, туку од потребата на Државата за пари и употребата на собранието за таа собирање на истите. Со напредокот на трговијата, градското собрание преминало во државното собрание па во парламент, кој се појавил низ цела Европа околу 12 век. Меѓутоа парламентот не го претставувал целосното благородништво и свештенство. Свештенството имало натрупано богатство во форма на земјиште, околу една петтина од вкупното христијанство во текот на 12 и 13 век. Црква водела изолациона политика, таа го вовела целибатот и се тргнала настрана од секојдневниот живот, одбила да се изјасни пред секуларен суд, како и да плаќа даноци на државата под изговор дека, веќе има платено данок на Папата. Бидејќи главната задача на државното собрание било собирање на пари, Црквата не смеела да биде изоставена од него, па така и таа била приклучена кон Парламент. Тоа не ѝ се допаѓало на црквата, но во повеќето случаи нивното присуство било задолжително.