Шват (шеват или шебат; ; од акадски: шабату) — петтиот месец од граѓанскиот и единаесеттиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е зимски месец со 30 дена. Обично се паѓа во јануари-февруари според грегоријанскиот календар.

Празници во шват 15 шват: Ту бишват (Нова година на дрвјата)

Шват во еврејската историја 24 шват 517 п.н.е.: Пророштвото на Захарија.

Од библиската книга Захарија, 1:7-16:

На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец — а тоа е месецот Шеват — во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо. Затоа вака вели Господ: „Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него Ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим“.

Кај други јазици Месецот февруари се нарекува „шубат“ на арапски () и турски ()şubat — Турско-македонски речник, оф.нет.

Наводи

Надворешни врски Овој месец во еврејската историја

Категорија:Месеци во еврејскиот календар