ФК Сервет е швајцарски фудбалски клуб од градот Женева. Моментално се натпреваруваат во Суперлигата на Швајцарија, најсилното фудбалско ниво во земјата.
Со 17 титули и 7 купови на Швајцарија, Сервет е еден од најуспешните клубови во оваа земја. Последната првенствена титула ја освоиле во сезоната 1998-1999.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Стад де Женев, кој има капацитет од 30.000 седечки места.
Најголеми ривали им се Лозана и Сион.
Историја Сервет е основан во 1890 година, и е водечки клуб во францускиот дел Швајцарија, со 17 титули првак и 7 Купа на Швајцарија. Пред да објави банкрот, Сервет бил единствениот клуб, кој не испаднал од првата лига од нејзиното формирање во 1897 година.
На 4 февруари 2005 година компанијата објавува банкрот. Клубот должел многу пари и неколку месеци не им платил на играчите. Во 2006 година, Сервет испаднал во Трета швајцарска лига. Во сезоната 2010-11, со победата во двомечот со Белинцона со вкупен резултат 3-2 одново се враќа во Супер лигата. Таму се задржале две сезони, во 2013 година Сервет повторно испаднал во Челенџ лига.
Титули Суперлига на Швајцарија Победник (17) : 1906–07, 1917–18, 1921–22, 1924–25, 1925–26, 1929–30, 1931–33, 1933–34, 1939–40, 1945–46, 1949–50, 1960–61, 1961–62, 1978–79, 1984–85, 1993–94, 1998–99. Куп на Швајцарија Победник (7) : 1927–28, 1948–49, 1970–71, 1977–78, 1978–79, 1983–84, 2000–01. Лига куп на Швајцарија Победник (3) : 1977, 1979, 1980.
Познати играчи
Мишел Ренкин Канил Ренато Сони Андерсон Мартин Петров Жан Босежур Хорхе Валдивија Јон Ериксен Мартин Чиверс Кристијан Карембе Гаел Клиши Оливер Нојвил Карл-Хајнц Румениге Рајнер Хаслер Бошко Ѓуровски Пит Хамберг Вилсон Орума
Виорел Молдован Дан Поточијану Игор Доброволски Роберто Мерино Јан Ериксон Матс Магнусон Хакан Милд Филип Сендерос Александер Фрај Иван Лавринетс Кубилај Туркјилмаз Артур Белтсос Матијас Виткиевиез Панајис Врионис
Надворешни врски Официјална страна на клубот
Сервет Категорија:Женева