Кремпе () — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Кремпермарш.
Географија
Кремпе се наоѓа 50 километри северозападно од Хамбург и десет километри јужно од Ицехо на некогашната пловна река Кремпау, притока на Штер. Со околу 2.300 жители Кремпе претставува втор најмал град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, веднаш зад Арнис.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Кремпе е збратимен со следниве градови:
Санкт Мартин им Зулмтал, Австрија Грамцов, Германија Рихлики, Полска
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Штајнбург