’Рлевци — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба Ова е село во северниот дел на Општина Велес, чиј атар се допира до Скопската Котлина. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 540 метри. Историја

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во ’Рлевци живееле 280 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во ’Рлевци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 118 – 119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото, ’Рлевци има 18 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 5 Македонци и 4 лица без податоци.

Родови

’Рлевци е македонско село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:

Староседелци: Лавчиовци (5 к.) според родовското презиме имаат потекло од некогашното одамна раселено велешко село Лавчани близу денешното село С'лп крај десниот брег на Вардар и имаат далечни роднини во селото Белештевица, Петревци (4 к.), Дрнковци (3 к.), Науновци (1 к.), Угриновци (1 к.), Здравковци (10 к.), Саздовци (4 к.) и Ѓоргијовци (2 к.) Доселеници: Цуцуловци (4 к.) и Анчевци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се однекаде; Дреновчани или Василковци (7 к.) доселени се од селото Дреново; Белештевци (3 к.) доселени се од селото Белештевица; Карбуневци (2 к.) доселени се од селото Карабуниште.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месна заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Личности родени во ‘Рлевци:

Вера Јорданова (1926-) — учесник во НОВ на Македонија

Опшествени институции Црква „Вознесение Христово“

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес