Бијело Поље — град и општина во североисточниот дел на Црна Гора на бреговите на реката Лим. Урбаното население изнесувало 15.400 (попис 2011). Тој е административен, економски, културен и образовен центар во северниот дел на Црна Гора.
Биело Поле е центар на општина (население од 46.051). Тоа е неофицијален центар на североисточниот регион на Црна Гора. Бијело Поље значи "бело поле" на српски, црногорски и сите останати јужнословенски јазици.
Историја Бијело Поље било под Отоманско Царство до неговото ослободување со помош на мулти-националната војска во текот на Балканските војни во 1912 година. Додека градот бил под турска окупација, бил познат под името Акова.
Црквата Св. Петар и Павле во Бијело Поле e местото каде што било напишано Евангелието на Мирослав, брат на српскиот владател Стефан Немања.
Население Бијело Поле е административен центар на Општина Бијело Поле, која во 2003 имало население од 50.284 жители. Градот, пак, имаше 15.883 жители. Во 2010 година, општината има население од 46.676 жители.
Населени во градот: 1981 - 11,927 1991 - 16,464 2003 - 15,883 2010 - 15,400
Население во општината: 1948 - 36,795 1953 - 41,432 1961 - 46,651 1971 - 52,598 1981 - 55,634 1991 - 55,268 2003 - 50,284 2011 - 46,051
Религија (попис 2011): Православни (53.55%) Муслимани (45.18%) Католици (0.17%) Атеисти (0.17%) останати (0.17%)
Етнички состав во 2003
НационалностБројПроцентСрби20,74336.31%Бошњаци12,40920.22%Муслимани9,89617.18%Црногорци10,21418.13%Роми1460.26%Хрвати490.09%Албанци350.06%останати1650.29%Вкупно57,124100%
Надворешни врски Bijelo Polje municipality Visit-Montenegro.com
Категорија:Градови во Црна Гора
Категорија:Санџак Категорија:Српски населби во Црна Гора