Светиот маченик Диомид бил лекар, бессребреник, од градот Тарс. Лечејќи го народот, го поучувал и на верата Христова. Царот Диоклецијан наредил и му ја отсекле главата во Никеја, во 298 година. Оние што му ја отсекле главата и му ја донеле на царот ослепеле, а кога му ја вратиле главата на телото и се помолиле, повторно прогледале.http://www.onk.ns.ac.rs/archive/Vol13/V13n2cp.htm

Диомидовите острови во Беринговиот Проток го носат името на Свети Диомид, бидејќи на неговиот ден (16 август 1728) данскиот морепловец Витус Беринг, кој бил во служба на руската морнарица, ги забележал овие острови пловејќи по морето.

Наводи

Категорија:Христијански светци Категорија:Христијански маченици од 4 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Бессребреници Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Светци од Анадолија