Хешван (), полн назив: мархешван (, од акадски: waraḫsamnu, „осми месец“) — вториот месец од граѓанскиот и осмиот месец од верскиот еврејски календар.
Во обична година, хешван има 29 дена, но во некои години му се додава уште еден ден поради одложувањето на Рош ашана за годината да биде целосна. Ова е есенски месец кој се паѓа во октомври-ноември во грегоријанскиот календар.
Еврејската Библија пред Вавилонското ропство овој месец го нарекува бул (1 Царства 6:38)Првата книга Царства од Еврејската Библија соодветствува на Третата книга Царства од македонската православна Библија — вид. . Во Сидон, бул се споменува на саркофагот на феникискиот крал Ешмунасор II (почеток на V век п.н.е.).
Празници во хешван 26 хешван: Сигд („Поклонување“) — посебен празник на Етиопските Евреи (Фалаши). Се празнува со навршувањето на 50 дена од Јом кипур, како 50-те дена од Пасха до Шавуот.
Наводи
Други извори Хешван () — Википедија на хебрејски јазик
Надворешни врски Овој месец во еврејската историја
Категорија:Месеци во еврејскиот календар