Тамуз () — десеттиот месец од граѓанскиот и четвртиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е летен месец со 29 дена, кој се совпаѓа со јуни-јули од грегоријанскиот календар.
Името на месецот е прифатено од асирско-вавилонскиот календар, каде истиот е наречен по еден од поважните месопотамски богови — Тамуз, за кој се зборува во Езекил 8:14.
Меѓу другото, тамуз е и месец во современиот асирски календар на асирските христијани.
Празници во тамуз 17 тамуз: Седумнаесетти тамуз (Шива асар бетамуз) — жаловен пост во сеќавање на заземањето на Ерусалим од вавилонскиот цар Навуходоносор.
На други јазици Во Ирак и Левантот, „тамуз“ () се нарекуа месецот јули. На турски истиот се нарекува „темуз“ , а на сириски гласи . Во Либан, Сирија и Палестинскиот територии, Израелско-либанската војна од 2006 г. се нарекува Харб тамуз (, „Јулска војна“) според арапскиот обичај да се именуваат војните со Израел по месеци од годината.
Поврзано Тамуз (бог) Седумнаесетти тамуз
Наводи
Надворешни врски Овој месец во еврејската историја
Категорија:Месеци во еврејскиот календар