Земја на слободата (англиски: Freedomland) е американски филм, во режија на Џо Рот. Главните улоги ги толкуваат: Семјуел Л. Џексон и Џулиен Мур. Содржина Кога Бренда, самохрана мајка од белата раса, ќе изјави дека Црнец од сиромашен кварт ѝ го украл автомобилот, со детето на задното седиште, во градот избувнува голема расна нетрпеливост. Двајца детективи, Црнец и белец, се здружуваат да го пронајдат детето и откриваат дека случајот е посложен отколку што изгледа. Имено, тие откриваат дека самата мајка е одговорна за смртта на своето дете, откако му дала преголема доза сируп за кашлање.Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 25.Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 22. Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Семјуел Л. Џексон Категорија:Филмови со Џулиен Мур Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2006 година