Скапоцена (англиски: Precious) е американски филм од 2009 година, во режија на Ли Даниелс. Главните улоги ги толкуваат: Габореи Сидибе, Мо Ник, Пола Петон, Мараја Кери и Лени Кравиц. Филмот освоил две награди „Оскар“: за најдобра споредна улога и за најдобро адаптирано сценарио, а покрај тоа, бил номиниран во уште две категории, и тоа: „најдобар филм“ и „најдобар режисер“. Содржина Дејството на оваа драма се одвива во 1987 година, во Харлем, и претставува мрачна приказна за животот на шеснаесетгодишната Кларис, која го трпи насилството на своите родители. Кларис е неписмена, дебела и често е малтретирана од нејзиниот татко. Во катастрофални услови за живот, таа наоѓа сила да ги надмине проблемите.„Трогателна борба за подобар живот“, Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 3. „Мрачен поглед врз семејното насилство“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 3.
Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови на англиски јазик