Ширли Темпл (англиски: Shirley Jane Temple) (23 април 1928, Санта Моника, Калифорнија, САД — 10 февруари 2014, Вудсајд, Калифорнија, САД) — американска филмска глумица. мини|Ширли Темпл во 1965 г. Животопис мини|лево|Потписот на Ширли Темпл. Ширли Темпл е родена на 23 април 1928 година во Санта Моника, Калифорнија. Кон крајот на 1960-тите, Темпл влегла во американската политика и била републикански кандидат за Конгресот, а подоцна станала дипломат. Темпл починала од природна смрт на 10 февруари 2014 година, во својот дом во Вудсајд, Калифорнија.Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13. мини|лево|Темпл во филмот „Малата принцеза“ од 1939 г. Филмска кариера мини|лево|Ш. темпл во 1944 г. Ширли Темпл се прославила во 1930-тите, како дете-глумица во Холивуд, а првата улога ја одиграла на тригодишна возраст. Со филмовите „Стани и навивај“, „Сјајни очи“ и „Малиот полковник“, таа станала голема ѕвезда, а веќе на шестгодишна возраст добила специјален „Оскар“ и до ден-денес, таа е најмладата добинтичка на оваа награда. Во текот на својата кариера, таа снимила 43 филма, но подоцна имала големи проблеми да ја одржи својата кариера и на возраст од 22 години се повлекла од филмската индустрија. мини|десно|Ш. Темпл во 1990 г. Наводи

Категорија:Американски глумци Категорија:Родени во 1928 година Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Американски филмски глумци