https://twitter.com/saphirofficiel
Сафир Слити Таидер (роден на 29 февруари 1992) — алжирски фудбалер роден во Франција, играч од средниот ред на Болоња и на алжирската репрезентација.
Технички карактеритстики Играч од средниот ред таканаречен box-to-box midfielder (добро се снаоѓа и во одбрана и во напад), кој Салваторе Бањи го открил, при споредба со италијанскиот фудбалер и ѕвездата на Јувентус Клаудио Маркизио; полн е со карактер и натпреварувачки дух.
Клупска кариера Гренобл Таидер го направил своето деби во Лига 1 со екипата на Гренобл на 15 мај 2010 во натпреварот против Олимпик Марсеј. На 5 јули 2010, тој го потпишал својот прв професионален договор со Гренобл.
Следната сезона, во Лига 2, запишал 25 настапи и еден гол во лигата.
Болоња По испаѓањето на Гренобл од Лига 2 и нивното административно исфрлање заради финансиски проблеми дури во петтата лига, Таидер бил ослободен од клубот и на 4 јули 2011 потпишал четиригодишен договор со италијанската Болоња, екипа од Серија А. Своето деби во дресот "рособлу" го имал во ноември, во натпреварот од италијанскиот куп против Кротоне. Дебито во Серија А го направил на 11 декември 2011, во натпреварот против Милан кој завршил нерешено 2-2, влегувајќо од клупата за резерви на местото на Гастон Рамирес во текот на второто полувреме. Во 18-тото коло од сезоната играл како стартер во натпреварот против Наполи кој заврпил нерешено 1-1.
На 17 јануари 2012 на Болоња му продала половина од договорот на Таидер на Јувентус, но играчот ја завршил сезоната во Емилија како позајмен од Јувентус.Sørensen al Bologna Bolognafc.itSorensen al Bologna Juventus.comTutti i trasferimenti - Bologna Legaseriea.it Својата прва сезона ја затворил со 14 настапи во Серија А. На 13 јуни 2012, договорот за ко-сопственост на Таидер меѓу Болоња и Јувентус е решен во корист на Болоња. На 18 август 2012 година во натпреварот Болоња-Варезе (2-1) од третиот круг на италијанскиот куп постигнал два гола со кој го испратил својот тим во наредната рунда на натпреварување. На 31 октомври 2012 година го одбележал својот прв гол во Серија А, во 10-тото коло од првенството 2012-13, при поразот со 2-1 од Јувентус; неговиот гол дошол во второто полувреме за моментален резултат 1-1. Сезоната ја затворил со 34 настапи и три гола во лигата, постигнувајќи гол и во натпреваритее против Каљари и Парма.
Интер На 20 август 2013 потпишал за Интер.. На 25 август, дебитирал со новиот дрес во првото коло од сезоната 2013-14 против Џенова, влегувајќи од клупата за резерви. На 22 септември, го постигнал својот прв гол за Интер во натпреварот против Сасуоло кој Интер го добил со 0-7. На 4 декември постигнал гол во четвртата рунда од Купот на Италија против Трапани. Во вториот дел од оваа сезона не бил многу користен од страна на тренерот Валтер Маѕари.
Позајмици во Саутхемптон и Сасуоло На 6 август 2014 отишол на заем во Саутхемптон како дел од трансферот на Дани Освалдо во Интер. На 1 септември, по само 26 дена поминати во англискиот клуб, играчот се вратил во Интер без воопшто да одигра некој натпревар за "светците" и истовремено се преселил на заем во Сасуоло.Calciomercato: arrivano Consigli e Taider. Kurtic alla Fiorentina Sassuolocalcio.it Тој го постигнал својот прв гол во дресот "нероверде" против Парма со шут од 25 метри.
Болоња На 31 август 2015, Таидер се вратил во Болоња на двегодишен заем со задолжителен откуп за сума од 2.5 милиони евра.
Личен живот Таидер е роден во Франција од татко тунижанин и мајка алжирка.
Тој е помлад брат на Набил Таидер, исто така фудбалер од средниот ред, кој игра за Горица и е репрезентативец на Тунис.
Надворешни врски Сафир Таидер на soccerway Сафир Таидер на transfermarkt Сафир Таидер на whoscored Сафир Таидер на espn
Наводи
Категорија:Алжирски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 1992 година