Баталјонот на специјални сили, скратено БСС — специјална единица на Армијата на Македонија. Таа е формирана во 1994 година и со тоа е првата воена единица од ваков вид во Македонија. Маскота на единицата е волкот поради што истата често се именува и како БСН „Волци“. Единицата е сместена во касарната „Илинден“ во Скопје. Се смета за најелитна во државата. До 2019 Баталјонот за специјални намени бил составна единица на Полкот за специјални операции.
Историја Единицата е формирана на 1 март 1994 година под името Единица за специјални намени, 6-ти одред и како таква е првата воена единица наменета за планирање, организирање и изведување на специјални операции во Македонија. Нејзин прв командант е тогашниот потполковник Мирослав Стојановски, потоа Началник на Генералштабот на АРМ во периодот од 2005 до 2011 година.
На почетокот на 2000-тите години единицата претрпува неколку структурни промени со тоа што станува дел од новата Единица за борба против тероризам, таканаречена „Соколи“ која првично за време на воениот конфликт во 2001 година требала да претставува здружено воено-полициско тело за борба против тероризам, но потоа се планирало да остане само дел од армијата. Кога е формирана Командата за специјални единици, Волците стануваат нејзин одред. Последната структурна измена на единицата се случува во 2003 година кога таа станува Баталјон за специјални намени, дел од Полкот за специјални операции заедно со Ренџерскиот баталјон, формиран наредната година.
На 18 август 2005 година на прославата по повод одбележувањето на Денот на АРМ, тогашниот Претседател на Македонија, Бранко Црвенковски го одликувал Баталјонот за специјални сили со Орден за воени заслуги, високо воено одличје кое се доделува за храброст и истакната служба на воен план. Toa е првото доделување воопшто на овој орден.
Воен конфликт, 2001 мини|лево|Спомен-плоча во касарната „Илинден“ посветен на загинатите припадници на Волците Како клучно тело во безбедносните структури, единицата активно учествувала во низа операции за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Еден од поважните настани за единицата во овој период е Масакрот кај Вејце кој се случил на 28 април на патот меѓу селата Вејце и Селце во тетовско. Тој ден 8 припадници биле ангажирани во комбинирана патрола со 8 други припадници на ПЕП низ селата на Шар Планина. Волците учествувале со две возила Хамер со по четворица припадници внатре.
Конвојот од полициско-воени возила бил нападнат во заседа во тесен, непрегледен свијок, засечен од двете страни со косини до три метри височина. Во настанот загинуваат четворица припадници на единицата — Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски и Роберт Петковски. Овој настан се одликува како еден од најкрвавите во поновата историја на Македонија. Истиот го извршиле припадници на ОНА, во содејство со Муџахедини. По престрелката извршителите громорозно ги мачеле и касапеле убиените. На припадниците на единицата им биле разнесени главите, прстите, нозете.
Вооружување СликаНазивПотеклоВид 200п Застава М70 Автоматска пушка 200п Застава М76 Снајперска пушка М-16 Автоматска пушка М4 Автоматска пушка Х&К Г3 Автоматска пушка Драгунов Полуавтоматска снајперска пушка 200п Сако ТРГ-42 Снајперска пушка 200п Застава М93 Анти-материјална пушка
Возила СликаНазивПотеклоВид 200п Хамви Џип 200п БТР-80 Оклопен транспортер 200п ТМ-170 Хермелин Оклопен транспортер
Наводи
Надворешни врски Баталјон за посебни намени , официјално мрежно место на АРМ
Категорија:Појавено во 1994 година во Македонија Категорија:Специјална единица Категорија:Армија на Република Македонија