Единица за брзо распоредување или скратено ЕБР — единица која се води под Министерството за внатрешни работи. Единицата е во рангот на жандармериските единици кои постојат во Европските земји.

ЕБР е формирана на 23 август 2001 година и спаѓа под надлежност на МВР. Сместена е во касарната Ѓорче Петров. Во Операцијата Планинска бура во Бродец главни извршители беа ЕБР, кои имаа и задача да докажат и покажат дека ќе бидат успешни за таков тип на операции. Операцијата Планинска бура беше успешна и заеднички извршена операција од ЕБР и ЕСЗ Тигар.

Историја

ЕБР е формирана во 2003 година, односно по трансформацијата на „лавовите“.

Првото име на единицата беше Специјална единица за брзо распоредување или скратено СЕБР.

Задачи

Нивни задачи се:

воспоставување и одржување на јавен ред и мир при немири и демонстрации спровод на лица барани со локални и меѓународни потерници анти-терористички акции и сите останати подфати од висок ризик обезбедување на домашни и странски ВИП личности давање асистенции на сите институции во Р.М. пружање помош на населението при природни елементарни непогоди и катастрофи

Оружје

Поседуваат повеќе видови на оружје:

Glock 17 Застава М70 X95-S Застава М92 Застава М76 Застава М93 „Црна Стрела“ Arsenal AR-M1 Драгунов McMillan Tac 50 Sako TRG PK MG 7.62 mm

Поврзано

Баталјон за специјални намени „Волци“ Единица за специјални задачи „Тигар“ Единица за брза интервенција „Лавови“ Посебна Единица за Поддршка

Наводи