Второ политичко одделени при Министерство за надворешни работи на Кнежевството Бугарија постоело во почетокот на XX век. Тоа исклучиво се занимавало со македонското прашање. Оваа одделение врз основа на информации добиени од бугарските трговски агентства во Македонија, како и врз основа на други разузнавачки канали, изготвувало планови и програми врз кои се градела политиката на бугарската влада кон Македонската револуционерна организација и Македонија Ванчо Ѓорѓиев - Бугарски документ од 1906 година за состојбите во Македонија и ВМОРО и бугарската политика кон нив.

Според некои истражувачи, одделението постоело кратко во периодот 1905 - 1906 година Слави Славов, Дейността на Второ политическо отделение от Министерството на външните работи и изповеданията (1905-1906 г.). – Македонски преглед, № 3, 2005,. Официјално не се знае кога е основано . Од еден документ од српско потекло, со дата од 22 декември 1904 година, дознаваме дека:

За привремен раководител бил поставен Георги РадевЕнциклопедия на български родове, брат на Александар Радев - поранешен бугарски министер за правда, а Македонец по потекло . За раководител бил понуден Никола Наумов - поранешен секретар на бугарското трговско агентство во Скопје. Меѓутоа, Наумов неговото назначување го условил со тоа: Од министерството за надворешни работи, Внатрешната организација да се помага само материјално и со дипломатски акции, но, не и да се управува . Според Ванчо Ѓорѓиев овој предлог на Наумов не бил прифатен . Од еден извештај на одделението од 25 март 1906 година дознаваме:

Наводи

Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија