Момир Стојановски (Добровница, , – Теарце, , ) — македонски бранител, припадник на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 22 јануари 2001 при минофрлачки напад на полициската станица во Теарце, извршена од страна на терористите на ОНА. Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија, 2001 година.
Животопис Живот и првата жртва на војната 2001 година во Македонија
Момир Стојановски е роден 1970 година во Добровница. Израсна во дивините на кривопаланачкото село Добровница. Момир откако завршил средно училиште успешно го посетувал курсот за полицајци. Од 1993 година Момир работел во полициската станица Теарце. Учеше и се посвети на униформата и одговорната полициска служба. Го помнат како вредно и скромно момче од сиромашно семејство. Погребан е на гробиштата во кривопаланечкото село Добровница.
Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.
Поврзано
Напад на ПС Теарце
Наводи
Категорија:Луѓе од Крива Паланка Категорија:Крива Паланка Категорија:Македонски бранители