мини|десно|Синајскиот Полуостров со Суецкиот Залив (лево) и Акапскиот Залив (десно) Акапски Залив (, Халиџ ел-Акаба) или Ејлатски Залив (, Мифрац Ејлат) — голем залив на северниот крај на Црвеното Море, источно од Синајскиот Полуостров и западно од Арапскиот Полуостров. На него излегуваат неколку земји: Египет, Израел, Јордан и Саудиска Арабија.
Географија Заливот се наоѓа на источната страна од Синајскиот Полуостров, а на запад од Арапскиот Полуостров. Со Суецкиот Залив на запад, се протега од северниот дел на Црвеното Море. Достигнува максимална длабочина од 1.850 м во средишниот дел: Суецкиот залив пак, е доста поширок, но поплиток од 100 м.
Акапскиот Залив е широк 24 км во најширокиот дел и се протега 160 км северно од Тиранскиот Проток, каде Израел се среќава со Египет и Јордан.
Како и крајбрежните води на Црвеното Море, заливот е едно од најдобрите места во светот за нуркање. Подрачјето е особено богато со корали и други места со значајна морска биоразновидност.
Градови На северниот крај од заливот има три позначајни града: Таба во Египет, Ејлат во Израел и Акаба во Јордан. Ова се стопански важни пристаништа и летувалишта. Појужно се наоѓа најголемиот саудиски град на заливот — Хакл. Најважни центри на Синајскиот Полуостров се Шарм ел-Шеик и Дахаб.
Најнаселено место е Акаба, со 108.000 жители (2009), по кое следи Ејлат со 48.000 жители (2009).
Граници Меѓународната хидрографска организација ја опишува јужната граница на заливот како „Линија што се протега од ’ртот ел-Фасма југозападно до островот Рекин () низ островот Тиран до неговата југозападна крајна точка, а потоа западно на напоредникот (27°54' СГШ) до брегот на Синајскиот Полуостров“.
Туризам мини|десно|Корал и риби во заливот Заливот е едно од најпопуларните места за нуркање во светот — крај брегот на Ејлат годишно нуркаат 250.000 луѓе, и тоа сочинува 10% на туристичките приходи.Artificial Reefs and Dive Tourism in Eilat, Israel Dan Wilhelmsson, Marcus C. Öhman , Henrik Ståhl and Yechiam Shlesinger Ambio, Vol. 27, No. 8, Building Capacity for Coastal Management (Dec., 1998), pp. 764-766 Published by: Allen Press on behalf of Royal Swedish Academy of Sciences — Програма за животна средина на ООН
Друго популарно место источно од северниот крај на заливот е долината Вади Рум. Покрај тоа, посетени места се археолошките наоди на цивилизацијата железно од време кај Ејла во Акаба и местото кајшто се одиграла Битката кај Акаба во Првата светска војна предводена од Лоренс од Арабија.
Поврзано Синајски Полуостров Суецки Залив Џеуф/Тебук Акаба (област) Јужен Синај
Наводи
Надворешни врски
Морски парк на мирот — Министерство за надворешни работи на Израел
Категорија:Заливи во Индискиот Океан Категорија:Црвено Море Категорија:Географија на Египет Категорија:Географија на Израел Категорија:Географија на Јордан Категорија:Географија на Саудиска Арабија Категорија:Голема Раседна Долина