мини|десно|250п|Корален гребен во националниот парк Рас Муахамед Суецки Залив (, Хелиж ес-Сувејс) — залив на северниот крај на Црвеното Море, каде Синајскиот Полуостров го двои морето и ги образува Суецкиот Залив на запад и Акапскиот Залив на исток. Геолошки, заливот е настанат поради расцепната котлина, создадена пред 28 милиони години.http://geoinfo.amu.edu.pl/wpk/geos/GEO_2/GEO_PLATE_T-37.HTML Detailed geological information on the Gulf Се протега 300 км во северозападен правец и завршува кај градот Суец во Египет, на преодот во Суецкиот Канал. Долж средината на заливот е и континенталната граница помеѓу Африка и Азија. Под пристапот на заливот е сместено наоѓалиштето на земен гас Гемса.
Географија Заливот претставува северозападен ракав на Црвеното Море, помеѓу Африка и Синајскиот Полуостров, како трет дел од тромеѓниот расцепен систем.
Мерејќи од Џубалскиот Проток до Суец, заливот е долг 314 км, а во ширина се движи од 19 до 32 км.
Граници Меѓународната хидрографска организација ја опишува јужната граница на заливот како „Линија која се протега од националниот парк Рас Муахамед (27°43' СГШ) до јужниот ’рт на островот Шадван (34°02' ИГД), а оттука на запад по напоредникот (27°27' СГШ) до брегот на Африка“.
Поврзано Акапски Залив Синајски Полуостров
Наводи
Надворешни врски
Сателитски слики од заливот и Суецкиот Канал
Категорија:Заливи во Индискиот Океан Категорија:Црвено Море Категорија:Суецки Канал