Кирил Николовски (роден на во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој играл за кошаркарскиот клуб Работнички.

Клупска кариера Професионалната кариера ја започнал во МЗТ Аеродром во сезоната 2005/06. Следната сезона, тој останал во истиот клуб. Во МЗТ продолжил да настапува и во сезоната 2007/08. За сезоната 2008/09, Николовски се преселил во Вардар. Следната сезона потпишал за новиот прволигаш Вардар Осигурување. Со тој клуб станал вицепрвак во Лигата и полуфиналист во Купот 2010. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Николовски се вратил во МЗТ Аеродром за сезоната 2010/11. Со МЗТ стигнал до полуфиналето во Првенството и до финалето во Купот 2011 каде биле поразени. Со Фени Индустри бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. Следните три сезони пак се вратил во МЗТ Аеродром. Во тој период ја освоил Првата лига во сезоните 2012/13, 2013/14, 2014/15, како и Купот на Македонија во изданијата 2013 и 2014. Во јули 2015 година, Кирил повторно потпишал за Фени Индустри.Кире Николовски се враќа во Фени индустри ekipa.mk 2 јули 2015Николовски го напушти МЗТ, се врати во Фени Индустри sport365.mk 2 јули 2015 Во јуни 2016 година, Кирил потпишал нов договор со Фени Индустри.Фени И. го ’врза’ Кире Николовски, следен е Јане Петровски ekipa.mk 20 јуни 2016 Во јуни 2017 година, тој се преселил во Карпош Соколи. Поради финасиската криза во Карпош Соколи, тој во ноември го напуштил клубот и потпишал за Работнички. Во таа сезона, Николовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николовски продолжил во редовите на Работнички. Поради повреда, уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството. Со Работнички, Николовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. За сезоната 2019/20, Николовски останал во Работнички. Кирил бил сè уште под траечки договор со Работнички за сезоната 2020/21. Во средината на март 2021 година, Кирил Николовски се здобил со повреда на лактот, што довело до неможност да настапува во дресот на Работнички.

Репрезентативна кариера Николовски исто така е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија, кога ја претставувал Македонија на Европското првенство под 16 години. Тој се натпреварувал со сите кошаркарски генерации: под 16 години, под 18, под 20 па дури и со сениорската селекција. Тој и помогнал на Македонија да обезбеди пласман на Евробаскетот 2011.http://www.eurobasket.com/player.asp?Cntry=MKD&PlayerID=77477

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Николовски. Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.

Успеси Титули МЗТ Аеродром Прва македонска лига (3) : 2012/13, 2013/14, 2014/15 Куп на Македонија (2) : 2013, 2014

Работнички Прва македонска лига (1) : 2017/18 Куп на Македонија (1) : 2019

Признанија Најдобар скокач (8,7) во Супер лигата 2010/11 Втора најдобра петорка на сезоната 2010/11 Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16 Најдобар стрелец во Купот на Македонија - издание 2017 Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17 Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17

Надворешни врски Профил на Кирил Николовски на Eurobasket.com Профил на Кирил Николовски на au.eurosport.com Профил на Кирил Николовски на bgbasket.com

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Вардар Категорија:Кошаркари на КК Вардар Осигурување Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш Категорија:Кошаркари на КК Карпош Соколи