Штрпце (, ) е гратче и општина во Урошевачкиот Округ во јужниот дел на Косово. Населението на гратче изнесува 2.431, а на општината 10.771 жители (2024). Словенското население во гратчето зборува торлачки и се смета за српско. Гратче е населено со Срби, а општината е претежно српска.
Население Етнички состав на општината
Родови Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:
Српски родови: Староседелци: Ѓаконовчевиќи (4 к.); Годоќевиќи (5 к.); Рачиќевиќи (8 к.). Доселеници: Тириќи (6 к.) доселени околу 1830 г. се од Вича, подалечно потекло непознато; Крстиќиќи (23 к.); Печиноќевиќи (16 к.) и Власачевиќи (4 к.), за првиот род се вели дека се доселени од Пеќ, а за вториот од Васојевиќи; Давидовиќи (13 к.) доселени се во почетокот на XIX век од качаничкото село Слатина. Љубиќи (10 к.) доселени се од Призренска Гора; Бошкоќевиќи (10 к.) и Кециќи (22 к.) доселени се од околината на Пеќ; Николчевиќи (15 к.) доселени се од Гусиње, Црна Гора и Чаначевиќи (12 к.) и Мрќинци (18 к.) се доселени од Полог. Сите оие родови се доселени кон крајот на XVIII век. Реџиќи (21 к.), Доганџиќи (14 к.) и Грбиќи (5 к.) доселени се во почетокот на XIX век од Полог.
Населени места Населби во општината: Беревце, Брезовица, Брод, Вича, Врбештица, .Горна Битиња, Готовуша, Долна Битиња, Драјковце, Ижанце, Јажинце, Коштањево, Севце, Сушиќе, Фираја, Штрпце.
Религија мини|лево|Црквата „Св. Никола“ во Штрпце
Во Штрпце постојат две православни цркви: Св. Никола изградена во 1576-77 и Св. Јован изградена во 1911 година.
Наводи
Категорија:Општини на Косово Категорија:Градови во Косово Категорија:Српски населби во Косово Категорија:Сириниќка Жупа