Хедвигенког () — општина во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Хедвигенког се наоѓа на брегот на Северното Море, северно од Бизум. Се состои од 1.600 хектари мочуриште здобиено од морето (наречено „ког“ на германски) и заштитено со брана во 1696 година за да се обезбеди земјена врска помеѓу Бизум и Веселбурен. Првиот дел од нејзиното име доаѓа во чест на Хедвиг Софија од Шведска, жена на војводата Фридрих IV на Шлезвиг-Холштајн-Готорп.

Грбот на општината е изменета верзија на печатот на војводата и прикажува лебед кој држи јагула. Животните во првобитната верзија биле штрк и змија.

Стопанството на Хедвигенког се заснова на земјоделство и ветерна енергија, како и туризам, кој во последните години е растечка гранка.

Наводи

Категорија:Дитмаршен Категорија:Полдери Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн