мини|Хоризонтално лого на филмот „Дракула на Брам Стокер“ Дракула на Брам Стокер (англиски: Bram Stoker's Dracula) — американски филм на ужасите од 1992 година, во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги ги толкуваат: Ентони Хопкинс, Кијану Ривс, Гери Олдман, Винона Рајдер, Том Вејтс, Моника Белучи итн. Филмот е снимен според истоимениот роман на Брам Стокер. На разни фестивали, филмот добил вкупно 15 награди, а имал уште 15 номинации. Меѓу нив, во 1993 година, филмот освоил три Оскар награди, и тоа во категориите: најдобра костимографија, најдобри ефекти и најдобра шминка.IMDb, Dracula (1992) (пристапено на 5.2.2015) Содржина Младиот адвокат Џонатан Харкер (го игра Ривс) заминува на службен пат во мало зафрлено село во Источна Европа, каде е заробен од вампирот Дракула (го игра Олдман). Дракула е воодушевен од фотографијата на свршеницата на Харкер, Мина Мареј (ја игра Рајдер) и заминува во Лондон во потрага по неа. Таму, тој започнува да сее страв и терор при што постепено ја цица крвта на другарката на Мина, Луси. Сепак, пријателите на Луси, предводени од професорот Ван Хелсинг (го игра Хопкинс) започнуваат борба против вампирот.Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 15. Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови на Френсис Форд Копола Категорија: Филмови со Ентони Хопкинс Категорија: Филмови со Гери Олдман Категорија: Филмови со Кијану Ривс Категорија: Филмови со Том Вејтс Категорија: Филмови со Моника Белучи Категорија: Филмови со Винона Рајдер Категорија: Филмови од 1992 година Категорија: Филмови за Дракула Категорија: Филмови засновани на романи Категорија:Филмови за реинкарнација