Крадачката на книги (англиски: The Book Thief) е американски филм од 2013 година, во режија на Брајан Персивал. Главните улоги ги толкуваат: Џефри Раш, Емили Вотсон и Софи Нелис. Филмот е снимен според истоимената книга. Содржина Лизел е храбра девојка, испратена во Германија, каде живее во семејство кое ја посвојува за време на Втората светска војна. Таа учи да чита со помош на своето ново семејство, а во тоа ѝ помага и Макс, еврејски бегалец кого го наоѓаат како се крие под скалите.Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 17. Наводи
Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на германски јазик Категорија: Американски филмови Категорија:Филмови со Емили Вотсон Категорија:Филмови од 2013 година