Артак Дашјан (роден на 20 ноември 1989 во Ереван) е ерменски фудбалер, играч од средниот ред на Алашкерт и на ерменската репрезентација.
Клупска кариера Започнал да игра фудбал во школата на фудбалскиот клуб Шенгавит, а во 2007 се префрлил во екипата на Банантс со која го направил своето професионално деби во Ерменската Премиер лига. Во јануари 2010, потпишал тригодишен договор со украинскиот клуб Металург Донецк, каде повторно соработувал со тренерот Николај Костов кој го тренирал и во Банантс. По сезона и пол во Украина, Дашјан се вратил во Банантс во јули 2011 година, а на 16 јануари 2013 потпишал за Гандзасар. Сезоната 2013-14 била неговата најуспешна во кариерата; постигнал 7 гола на 14 наатпревари во Ерменската Премиер лига, но во јануари 2014 го напуштил Гандзасар и заминал во бахреинскиот клуб Ал-Мухарак на позајмица до крајот на сезоната. На 30 јуни 2014, се вратил во Гандзасар.
На 4 јули 2014 година, Дашјан потпишал за македонскиот најтрофеен клуб Вардар, приклучувајќи му се на својот сонародник и поранешен соиграч од Банантс, Ховханес Хамбарџумјан.
Надворешни врски Артак Дашјан на soccerway Артак Дашјан на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Алашкерт Категорија:Ерменски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година