мини|Карта на Мелдорфскиот Залив со Блауорт во северниот дел; јужно од него се наоѓаат Тертиус и Тришен мини|Блауорт кон југозапад. На левата страна се наоѓа обележјето за каналот (Pricke).
Блауорт () — еден од ненаселените песочни острови во Северното Море, близу брегот на Дитмаршен (близу Бизум). Неговата должина од север на југ изнесува 1.200 метри и 500 метри од исток на запад. Опкружен е од песочниот брег Блауортзанд (Blauortsand), кој се граничи на север од протокот Веселбуренрер Лох и на југ од Пип.
Според Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море, Блауорт, како и песочниот брег Тертиус на југ, припаѓа на општината Хедвигенког. Меѓутоа, покраинската влада на Шлезвиг-Холштајн сè уште официјално не го потврдила и одобрила ова.
Островчето Блауорт се движи кон исток, исто како сите песочни острови на западниот брег на Шлезвиг-Холштајн. Од 1938 до 1962 година песокот се поместувал за 32 метри годишно(pdf), (S. 77) Petra Witez: GIS-gestützte Analysen und dynamische 3D-Visualisierungen der morphologischen Entwicklung schleswig-holsteinischer Tidebecken, Diss. Kiel 2002 и денес е околу шест километри од брего. Највисоката точка на Блауорт се наоѓа над просечната висока плима (која е околу 1,83 метри(pdf) Stephan Mai: Klimafolgenanalyse und Risiko für eine Küstenzone am Beispiel der Jade-Weser-Region, Diss., Hannover 2004) и единствено е целосно поплавувана од пролетните плими или бурите. Не постои никаква вегетација на островот.
Блауорт е еден од неколкуте главно недопрени станишта на брегот и од големо значење за морските птици и фоките.holstein.de/servlet/is/5639/dithmar1.html (html) Organic Guide Schleswig-Holstein Од 1985 година е дел од првата заштитна зона на националниот парк.
Во летните месеци се прават пешачки тури низ блатата на Блауортзанд и се нуди тргнување од Бизум и Веселбурен.
Бизумскиот писател, Штефани Бах Штајн, една од нејзините книги за поезија ја нарекла „Блауорт“.
Наводи
Надворешни врски
Воздушни слики Календар на плимите
Категорија:Фризиски Острови Категорија:Ваденско Море Категорија:Дитмаршен Категорија:Ненаселени острови во Германија Категорија:Острови во Шлезвиг-Холштајн