Луис Харолд Греј (; 10 ноември 1905 – 9 јули 1965) — англиски физичар кој претежно ги проучувал последиците од зрачењето врз организмите и со тоа е основоположник на радиобиологијата. Меѓу другите достигнувања, познат е по тоа што ја дефинирал единицата за јонизирачкото зрачење, која подоцна влегла во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) како греј во негова чест.
Работа и пронајдоци 1933 — станува болнички физичар во „Маунт Вернон“, Лондон 1936 — ја осмислува Брег-Греевата равенка за јонизација на шуплини со која се изразува впливливоста на енергија кај материјалите при изложеност на гама-зрачење 1937 — конструира првобитен неутронски генератор во болницата „Маунт Вернон“ 1938 — ги проучува последиците на неутроните врз организмите, користејќи го генераторот 1940 — ја развива претставата за релативна биолошка делотворност на дозите на неутрони 1952 — ги испитува клетките кај хипоксичните тумори и хипербарниот кислород 1953 — ја основа Греевата лабораторија во болницата „Маунт Вернон“ 1953-60 — Џек В. Боуг под водство на Греј ја развива пулсната радиолиза 1962 — Ед Харт и Џек Боуг го откриваат хидрираниот електрон користејќи ја пулсната радиолиза во Греевата лабораторија. Со ова го започнуваат истражувањето на последиците на зрачењето врз човечкото ткиво радиотерапија за лечење на рак кое се одвива и денес
Наводи
Надворешни врски Спомен-задолжбина „Л.Х. Греј“
Категорија:Англиски физичари Категорија:Британски физичари Категорија:Англиски ботаничари Категорија:Британски ботаничари Категорија:Радиобиолози Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Родени во 1905 година Категорија:Починати во 1965 година