Алкерзум (; фериншки: Aalkersem; ) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Географија
Алкерзум се наоѓа во средиштето на островот Фер.
Историја
Првите населби во областа се појавиле во железното доба.
Економија
Неколку претпријатија се наоѓаат во предградијата на селото. Исто така, туризмот и коњичките ранчови се важни дејности.
Култура
Во август 2009 година, Уметничката галерија на Западниот брег (Museum Kunst der Westküste) била отворена во Алкерзум. Прикажува уметнички дела со фокус на Северното Море и неговиот брег. Поседува дела на познати сликари, како Едвард Мунк, Емил Нолде, Макс Либерман и други.
Познати луѓе Фредерик Паулсен (1909–1997) — основач на Ferring Pharmaceuticals
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Фер Категорија:Северна Фризија (округ)