Ерик Корнел ( ) — американски физичар, кој заедно со Карл Виман, успеале да го создадат првиот Бозе-Ајнштајнов кондензат во 1995 година. Зан ивните напори, Корнел, Виман и Волфганг Кетерле ја поделиле Нобеловата награда за физика во 2001 година.

Животопис Корнел е роден во пало Алто, Калифорнија, каде неговите родители ги завршувале дипломските студии во блискиот Стандфордски универзитет. Две години подоцна тие заминале во Кембриџ, Масачусетс, каде неговиот татко бил професор по градежништво при МИТ. Тука тој растел со неговиот помлад брат и сестра, со неколку годишни прекини во Беркли, Калифорнија и Лисабон, Португалија, каде неговиот татко ги минувал шабатните години.

Во кембриџ тој се школувал во локалното училиште. Годината пред неговата полуматура то се преселил назад во Калифорнија заедно со својата мајка и своето средно образование го завршил во Ловеловото средно училиште во Сан Франциско, месно училиште кое било магнет за академски талентираните ученици.

По завршувањето на средното училиште тој се запишал на Станфордскиот универзитет, каде се запознава со својата идна сопруга, Селест Ландри. Како дипломец заработувал пари работејќи за различни групи физичари кои се занимавале со физиката на ниски температури. Напредувал мошне добро и во наставните предмети како и во неговата работа во лабораториите и делувал како човек спремен да напредува со својата карирера во физиката. Но тој се смоневал дали сака да се занимава со физика, или пак да биде писател или политичар. На половина од своите дипломски студии тој заминал во Кина и Тајван каде во период од девет месеци каде работел како доброволец подучувач на разговорен англиски а воедно и да го изучува кинескиот јазик. Тој согледал дека нема талент за оваа работа, и се вратил на Станфорд со поголема решеност да го следи својот вистински талент, физиката. Тој дипломирал со почести и одликувања во 1985 година.

За докторски студии, тој се запишал на МИТ. Каде се придружил на Причардовата група, која спроведувала опит со кој ќе се измерела масата на електронското неутрино добиено од бета-распадот на трициум. Иако не успеал да ја опрредели масата на неутриното, Корнел се стекнал со докторска титула во 1990 година.

По добивањето на докторатот, тој му се придружил на Карл Виман на Универзитетот во Колорадо како подокторски истражувач на мали опити на ласерски ладења. Во периодот на две години на подокторски студии тој дошол до идеја да ги спои ласерското ладење и испарувачкото ладење во магнетна стапица за да создаде Бозе–Ајнштајнов кондензат (БАК). Благодарение на овој предлог нему му било понудено постојано место на „JILA/НИСТ“ во Болдер Колорадо. За добивањето на првиот Бозе-Ајнштајнов кондензат во 1995 година, Корнел, Виман, и Волфганг Кетерле ја поделиле Нобеловата награда за физика во 2001 година.

Денес тој е професор на Универзитетот во Колорадо и физичар во министерството за трговија при Националниот институт за стандарди и технологија. Неговата лабораторија е сместена на JILA.То бил награден со Лоренцов медал во 1998 година и е член на Американското здружение за унапредување на науката.

Тој бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 2005 година.

Личен живот

Корнел се оженил со својата сопруга Селест Ландри во 1995 годинанеколку месеци пред да успее неговиот опит за добивање на Бозе-Ајнштајновиот кондензат. Нивнаѕа прва ќерка, Елиза, се родила во 1996 година, додека пак нивната втора ќерка, Софија, се родила во 1998 година.

Во октомври 2004 година, неговата лева рака и рамо биле ампутирани во обид се спречи ширењето на некротизирачки фасциит. Тој бил отпуштен од болница во средината на декември, откако закрепнал од инфекцијата, и се вратил на работа со половично работно време во 2005 година.News Article from KMGH

Поврзано Временски развој на нискотемпературната технологија

Наводи

Надворешни врски Eric Cornell webpage at the University of Colorado Bose–Einstein Condensate website at the National Institute of Standards and Technology Eric Allin Cornell Patents

Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Апсолвенти на Стенфордскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Живи луѓе Категорија:Носители на Лоренцовиот медал