Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Вашарејца, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на рид над селото и железничката пруга.„Вашарејца “. Мој Роден Крај.

Историја

Изградбата на црквата започнала во 1862 година, а истата завршила во 1883 година, во време кога началници во селото биле Ристе, Божин, Богдан, Илија и Георги Власак од родот Власковци; како и Петко, Трпче, Стојан, Коле и Ангел. Се претпоставува дека на 300 метри од црквата имало „латински“ манастир. На тоа место се пронајдени мермерни камења, од кои некои се пренесени во црквата и денес стојат на самата нејзина врата. Тоа место кое сега е утрина (пасиште) и е наречено Манастириште.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена многуаголна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Георги. Објектот е изграден од камен и е варосан, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Кон западната страна на црквата е дограден помошен објект. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, базен за верски обреди, железен крст и селските гробишта. Камбанаријата се издига на бетонски темел со квадратна основа и претставува отворена метална конструкција, заградена со ниска метална ограда во долниот дел и покриена со лимен пирамидален кров. Железниот крст се наоѓа на самиот врв на ридот на кој е сместена црквата и истиот е висок околу 15 м. Крстот бил осветен на 24 јули 2016 година.

Живопис

Внатрешноста на црквата е целосно живописана со фрескоживопис кој содржи доста ретки и занимливи прикази на четворицата јавачи и апокалипсата, страшниот суд, пеколот и други мотиви од Библијата.

Галерија

Поврзано Вашарејца Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија

Наводи

Надворешни врски

Вашарејца