Карл Мане Георг Сигбан ( – )Biography from the Nobel foundation website бил шведски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1924 „за истражувањата и откритијата на полето на спектроскопија со Х-зраци“.Nobel prize citation

Сигбан се родил во Еребру, Шведска. Се здобил со „Доктор по филозофија“ во Лундскиот универзитет во 1911, неговите тези биле насловени „Мерење на магнетно поле“(Magnetische Feldmessungen). Го заменувал Јоханес Ридберг како професор, кога неговото здравје попуштило, и го наследил како професор во 1920.

Почнал со истражување на полето на спектроскопијата со Х-зраци. Оваа работа продолжила кога се преместил во Упсалскиот универзитет во 1923. Тој создал подобрен експериментален апарат кој му овозможил да направи многу точно мерење на брановата должина на X-зраците произведени од атоми на различни елементи. Тој создал конвенција за именување на различни спектрални линии кои се карактеристични за елементите во спектроскопијата со Х-зраци, сигбанова нотација. Прецизното мерење на Сигбан придонело за квантната теорија и атомската физика.Nobel prize presentation speech

Во 1937, Сигбан бил назначен за директор на одделот на физичари на нобеловиот институт на шведската кралска академија на науки. Во 1988 се преименувал во Мане сигбанов институт (МСИ). Истражните групи во институтот биле преименувани оттогаш, но името и понатаму живее во Мане сигбановата лабораторија организирана од Стокхолмскиот универзитет.

Сигбан се оженил за Карин Хогбон во 1914. Тие заедно имале две деца: Бо Сигбан (1915–2008), дипломат и политичар, и Кај Сигбан (1918–2007), физичар кој исто така ја има добиено Нобеловата награда за физика, во 1981, за неговиот придонес во развитокот на фотоелектронска спектроскопија со Х-зраци. Неговата жена умрела во 1972.

Тој го добил Хјузовиот медал во 1934 и Румфордовиот медал во 1940. Во 1944, тој ја патентирал сигбановата пумпа.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Шведски физичари Категорија:Шведски нобеловци Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Спектроскопичари Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Кралската шведска академија на инженерските науки Категорија:Апсолвенти на Упсалскиот универзитет Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Апсолвенти на Лундскиот универзитет Категорија:Членови на Кралското научно друштво во Упсала Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Луѓе од Еребру