Џејмс Франк ( – ) — германски физичар и нобеловец.
Животопис Франк бил Евреин, неговите родители биле Џејкоб Франк и Ребека Накум Дракер. Неговиот филозофски докторат го завршил во 1906 и се здобил со хабилитација, за физика во 1911, во Берлинскиот универзитет предавал и подучувал сè до 1918, достигнувајќи ја позицијата на несекојдневен професор.
Франк доброволно служел во германската армија за време на Првата светска војна. Бил сериозно ранет во 1917 при гасен напад и бил награден со првокласен Железен крст. Франк станал водач на физичарската дивизија на Кајсер Вилхелмовиот институт за физичка хемија. Во 1920, Франк станал професор по експериментална физика и директор на вториот институт за експериментална физика во Гетингенскиот универзитет. Додека таму работел на квантната физика со Макс Борн, директор на институтот за теоретска физика.
Во 1925, Франк бил награден со Нобелова награда за физика, најмногу од сè поради неговата работа во 1912-1914, вклучувајќи го Франк-Херцовиот експеримент, важна потврда на боровиот модел на атомот.
Во 1933, по доаѓањето на Нацистите на власт, Франк, како Евреин, поднел оставка од неговата позиција во Германија во писмо кое го испратил до печатот за објава.Medawar & Pyke. Page 138. Тој му асистирал на Фредерик Линдерман во помошта на отпуштените еврејски научници за наоѓање на работа во странство, пред да ја напушти Германија во ноември 1933 за да продолжи со истражување во САД, прво во Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор (Мериленд), па потоа, по една година во Данска, во Чикаго. Токму тогаш тој станал дел од проектот Менхетен за време на Втората светска војна, бил директор на хемичарската дивизија во металуршката лабораторијаThe Metallurgical Laboratory – known as the Met Lab – was one of four main sites working on the Manhattan Project. The other three were Los Alamos Scientific Laboratory, Oak Ridge National Laboratory, and Hanford Site. во Чикагискиот универзитет. Тој исто така бил директор на комитетот за политички и социјални проблеми во врска со атомската бомба, комитетот се состоел од него и други научници во металуршката лабораторија, меѓу кои Доналд Хјуз, Џејмс Никсон, Јуџин Рабинович, Глен Сиборг, Стернс и Лео Силард. Комитетот бил најпознат по компилацијата на френковиот извештај, завршен на 11 јуни 1945, кој барал да не бидат употребени атомски бомби врз јапонските градови, врз основа на проблемите кои биле резултат на такво воено барање.
При крајот на војната, спротивставувајќи се на употребата на атомските бомби тој се посветил на проучување на фотосинтезата.
Кога Нацистичка Германија ја окупирала Данска во Втората светска војна, унгарскиот хемичар Ѓерѓ де Хевеши ги претопил нобеловите награди на Макс фон Лауе и Џејмс Франк во „кралска вода“ за да не ги украдат нацистите. Тој го поставил растворот на полица во неговата лабораторија во Нилс Боровиот институт. По војната, тој се вратил за да го растворот недопрен и го одвоил златото од киселината. Подоцна нобеловото друштво ги преформулирало нобеловите награди со оригиналното злато."Adventures in radioisotope research", George Hevesy
Личен живот Во 1946 Франк се оженил за Херта Спонер, неговата поранешна асистентка во Гетинген. Тој одненадеж починал во 1964 при посетата на Гетинген.See this site at Duke University.
Од религиска гледна точка, Франк велел дека науката е негов Бог и природата негова религија.
Почести и награди
1917: Железен крст, 1-ва класа 1925: Нобелова награда за физика Наградата ја споделил со Густав Херц, доделена „за нивното откривање на законите во врска со влијанието на електронот врз атомот“ 1951: Медал „Макс Планк“ на германското друштво на физичари 1953: Почесен граѓанин на Гетинген 1955: Рамфордов медал на американската академија за наука и уметност - За неговата работа околу фотосинтезата 1964: Избран за странски член на кралското друштво на Лондон за неговиот придонес за разбирање на размената на енергија при електронските судири, за објаснување на молекуларниот спектар и проблемите на фотосинтезата
Наводи
Надворешни врски
Nobel Prize Biography Annotated bibliography for James Franck from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues James Franck Biography – Американско филозофско друштво
Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
Категорија:Луѓе од Хамбург Категорија:Експериментални физичари Категорија:Германски Евреи Категорија:Германски физичари Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Еврејски физичари Категорија:Квантни физичари Категорија:Спектроскопичари Категорија:Германски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Носители на медалот „Макс Планк“ Категорија:Учесници во проектот „Менхетн“ Категорија:Апсолвенти на Хајделбершкиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од I класа Категорија:Американски нобеловци Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките